11 работи што не сте ги знаеле за компирот

1.

Компирот е еколошки чиста намирница. Одгледувањето на компирот е лесно и ефтино бидејќи не се потребни пестициди ниту вештачко ѓубриво (иако многу од земјодеците сепак ги користат).

2.

Компирот, доколку не е пржен е одличен за здравјето.

burlap-bag-with-potatoes

3.

Компирот е совршена култура за одгледување во сиромашните земји, ефтина и хранлива намирница што успева дури и во лоши климатски услови.

4.

Компирот е прва намирница што успеала дури и во вселената.

5.

Според количеството на фенолните соединениа компирот може да се натпреварува со брокулата, спанаќот и со кељот. Флавоноидите содржани во компирот нè заштитуваат од заболувањата на срцето и на крвните садови, од болестите на дишните патишта и од ракот.

Прочитајте и:  Седум причини зошто кикириките се одлична храна која треба почесто да ја јадеме во зима

6.

Англиски научници во компирот пронашле посебна состојка -кукоаминот кој го штити организмот од зголемен крвен притисок.

7.

2008 е прогласена за година на компирот. Во Обединетите Нации веруваат дека компирот е намирница што може да го реши гладот во светот.

poootaaatoo

8.

Постојат повеќе од 1000 видови компир. Компирот е четврта по ред одгледувана намирница во свет.

9.

Европејците го консумираат компирот двојно повеќе од Американците.

10.

За време на златната треска во Клондајк компирот се користел како валута. Тој бил толку ценет поради  големо присуство на витаминот Ц па го менувале за злато.

11.

Чипсот од компирот е најпродаваната закуска во свет.

IMG_0048

 

 

- Реклама -