12 најмистериозни локации (прв дел)

Повеќе... На различни локации околу светот стојат споменици и рушевини чие потекло е обвиткано со мистерија. Никој не знае точно зошто е изграден Стонхенџ, како некои руини направени од човечка рака се нашле под океанот или како огромен изгравиран гранит со пост-апокалиптични инструкции за повторното раѓање на цивилизацијата се нашол на зафрлениот рид во Џорџија во САД.


На различни локации околу светот стојат споменици и рушевини чие потекло е обвиткано со мистерија. Никој не знае точно зошто е изграден Стонхенџ, како некои руини направени од човечка рака се нашле под океанот или како огромен изгравиран гранит со пост-апокалиптични инструкции за повторното раѓање на цивилизацијата се нашол на зафрлениот рид во Џорџија во САД.

Монументални инструкции за пост-апокалипсата
post-apocalypse-guidestones.jpg
instructions-post-apocalypse.jpg

На пустинското ритче во северноисточна Џорџија стои еден од најбизарните и најмистичните споменици на светот. Но овој споменик не датира од античко време. Позната како „Georgia Guidestones“, оваа камена структура од 5.33 метри висок и полиран гранит кој тежи 20 тони е изгравирна со текст на 8 јазици – вклучително и со египетски хиероглифи, Хинду и Свахили – со инструкции за оние што ќе ја преживеат апокалипсата. Инструкциите се околу тоа како тие повторно да го изградат пост-апокалиптичната општество. Положбата на плочите го следи движењето на сонцето од исток кон запад и има процепи низ кои може да се лоцира Северната Ѕвезда. Камењата водилки во Џорџија се поставени од анонимна група, чиј идентитет е мистерија. (Повеќе)

Стонхенџ во езерото Мичиген
lake-michigan-stonehenge.jpg

Група на истражувачи кои со помош на сонар биле во потрага по остатоци од потонати бродови на дното на езерото Мичиген, на нивно големо изненадување откриле нешто неочекувано – руини налик на антички Стонхенџ 12 метри под површината. Некои од камењата биле наредени во форма на круг, а еден од нив изгледал како да има на него изгравирно фигура на праисториското животно [[Mastodon|мастодон]] (вид на праисториски слон). Оваа камена формација би можела да биде 10.000 години стара, што се совпаѓа со пост-леденото доба кога во таа област коегзистирале и луѓето и местодоните во ист временски период.

Подводните урнатини во Јапонија
underwater-ruins-japan.jpg

На јужниот брег на Јонагуни во Јапонија, лежат подводните урнатини за кои се смета дека се стари околу 8.000 години. Иако некои луѓе сметаа дека се изгравирани по природен пат, како географски феномен, сега е потврдено дека, како што сугерираат комплексните скалила, гравури и агли, тие се направени од човечка рака. Беа откриени во 1995 година од страна на еден спортски нуркач кој многу се оддалечил од брегот на Окинава со камера во рацете.

Потонатите Александриски чуда, Египет
alexandria-egypt-underwater-ruins.jpg

На бреговите од Александрија, градот на Александар Македонски, лежат она што се верува дека се урнатините од кралските одаи на Клеопатра. Се верува дека земјотресите пред повеќе од 1.500 години се одговорни за тоа што сега тие се наоѓаат во морето, заедно со артефактите, статуите и другите делови од палатата на Клеопатра. Градот Александрија дури е со план да понуди подводни тури околу овие урнатини.

Мистериозните камења на Баалбек
baalbek-ruins.jpg

Рушевините на најголемиот Римски храм кој некогаш бил изграден не се наоѓаат во Грција или Рим, туку во Баалбек во Либан. Храмот бил уништен од византискиот император Теодосиј I, а денес се зачувани шест од неговите 54 столбови. И покрај убавината на овој храм, урнатините не се често посетувана туристичка дестинација, заради војните кои се водат таму со декади, а кои за среќа не ја оштетија оваа маестрална археолошка локација. Никој не знае зошто оваа локација им била толку важна на Римјаните и што ги натерало да донесат толку камени блокови токму на ова место.

Трите закопани антички мегалитни кругови
three-buried-stone-circles.jpg

Во јужна Турција, малку посеверно од границата со Сирија, се наоѓаат трите мегалитни камени кругови кои се неколку илјади години постари од „првите“ камени кругови изградени на Стонхенџ. Она што е необично е што овие прастари кругови биле направени од заедница на ловци-собирачи. Претходно се мислеше дека работната сила потребна за да се изгради мегалитски камен круг не би можела да биде организирана се додека човечката организација не се развила до стадиум на заедници кои живеат во населби. Трите камени кругови во Гобекли Тепе биле намерно закопани од причини кои не се познати. Некои веруваат дека Гобекли Тепе и околниот регион се историската локација на библиската Рајска Градина.

- Реклама -