12 совети за добро здравје од баба Ванѓа

Пророчицата Ванѓа зад себе остави многу мудри совети, што се пренесуваат низ генерациите. Споделуваме неколку од нив, посветени на доброто здравје и правилната исхрана.

1. Светот започна со билки – запомнете го тоа. Но, билките на секоја земја ги лекуваат само луѓето кои живеат во неа. Секој треба да се лекува со своите билки!

2. Движете се повеќе и работете. Мрзеливоста е болест која ве оштетува како морално, така и физички. Загадувањето – физичко или духовно, е спротивно на она што е создадено од Бога.

3. Вие самите ги загадувате Земјата и храната со отрови. Потоа доаѓате и се жалите за тоа колку луѓе фатиле рак, колку нови болести се појавиле … Вразумете се побрзо, во спротивно ќе страдате.

4. Лекарствата ги затвораат вратите низ кои што можат да влезат билките и да го излекуваат болниот организам. За секоја болка постои билка.

5. Повеќето болести доаѓаат од настинка. Затоа не стојте во влага и не пијте ладна вода.

6. Немојте да бидете нервозни, не живејте со страв! Ако треба, обратете се на невролог, одете на лековити бањи, смирете се. Со страв не се живее!

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

7. Често пијте чај од шумско овошје или растенија – тие се чисти и се извор на здравјето. Минимум еднаш неделно јадете варено жито. Пијте многу вода за го прочистите телото и да добиете сила.

8. Зошто пушите? Ако беше правилно, и мажите и жените ќе имаа оџаци на главите. Оставете го тутунот, живејте подолго и без болести.

9. Не се плашете од болестите. Имајте вера.

10. Постојат два вида на болести. Едните ги лекуваат доктори, другите – баби. Најважно за третманот е да ја знаеш дијагнозата.

11. Земјата е нашата заедничка мајка, мислете за неа како за жив човек. Почитувајте ја Земјата, таа ни дава храна, не трпи, додека не се замори од нашите дејствија… И тогаш ќе не казни. Вразумете се навреме, инаку ќе страдате долго.

12. Уште пострашен од најлошата болест е очајот! Не очајувајте, бидејќи тоа ве разјадува одвнатре. Гледајте на животот со ведрина.

- Реклама -