15 факти за вашето тело кои не сте ги знаеле

Повеќе... Дали сте знаеле дека нашето тело е способно да создаде аспирин или дека ејакулацијата може да предизвика кивање?

1. Нашето тело е способно да создаде аспирин
a96773_a489_aspirin2.jpg

Јадењето овошје и зеленчук може да му помогне на човечкото тело да продуцира природен аспирин. Истражувањата покажаа дека телата на волонтерите кои примиле бензоична киселина, природна супстанца која се наоѓа во овошјето и зеленчукот, биле способни да произведат салицилна киселина, клучната компонента што му ги дава анти-воспалителните својства на аспиринот.


2. Дремката на работното место е добра за вашиот шеф

a96773_a489_nap-at-work2.jpg

20-минутната дремка може да ја подобри вашата концентрација, вашето расположение и да ви ја зголеми продуктивноста. Вилијам Антони, коавторот на „Уметноста на дремењето на работа“, вели дека позитивното дејство на дремката може да трае неколку часа. Дополнително, вашето срце исто така има голема полза од дремката. Во шестгодишното истражување направено врз група возрасни Грци, истражувачите открија дека кај оние мажи кои дремат најмалку три пати неделно има за 37% помал ризик oд смрт предизвикана од срцеви заболувања.


3. Ејакулацијата може да предизвика кивање

a96773_a489_man-sneezing.jpg

Некои мажи чувствуваат болка, главоболка или кивање како последица на ејакулацијата. Зголемената активност во нервниот систем за време на оргазмот може да биде причината која ќе предизвика главоболка. Едно можно објаснување за кивањето, пак, е дека во мозокот центарот за оргазми е блиску до центарот за прозевање и кивање.


4.Секој има уникатен отпечаток на јазикот

a96773_a489_tongue-tattoo.jpg

Како и отпечатоците од прстите, така и секој јазик има уникатен отпечаток. Јазикот е уникатен орган со различни информации добиени од геометриските облици и физиолошки текстури кои можат да користат за идентификација на личноста.


5. Белата кожа еволуирала

a96773_a489_skin-color.jpg

Сите сме биле црни на почетокот (согласно со еволутивниот факт за потеклото на првите луѓе од Африка). Белата кожа се добила како резулатат на преселувањето на луѓето подалеку од Екваторот. Исто така, сите кожи, без обојувањето се кремасто бели. Крвните садови кои се најблиску до кожата ја даваат нијансата на црвено. Жолтиот пигмент исто така додава нијанса на кожата. На крај, меланинот со сепија нијанса, кој се создава како одговор на ултравиолетовите зраци, се јавува како црн кога е во големи количини. Овие четири нијанси се мешаат во различни пропорции за да ги содадат различните бои на кожата на сите луѓе на Земјата.


6. Најдебелата кожа се наоѓа на стапалата

a96773_a489_foot1.jpg

Кожата на дланките и на табаните со дебелина од 4mm е најдебелата кожа на телото, со тоа што на петите се најдебелите делови од кожата воопшто. Исто така, на стапалата има најмногу потни жлезди во телото.


7. Слепото црево не е толку бескорисно

a96773_a489_apendix.jpg

Долго оцрнувано како рудиментарно и бескорисно, слепото црево всушност е безбеден дом за една благотворна бактерија која живее во човечката утроба и која ја потпомага дигестијата. [Линк]


8. Повисоки сме наутро

a96773_a489_tall.jpg

Телото е повисоко наутро одошто навечер. Тоа е така затоа што нашите тела во просек се за околу 1 сантиметар повисоки наутро, благодарејќи на вишокот флуиди помеѓу дисковите, кои се добиваат за време на спиењето. Како што одминува денот и нашите тела се во исправена состојба, дисковите се компресираат и флуидите истекуваат, па така телото го губи тој екстра додаток во висината.


9. Луѓето светат во темница

a96773_a489_human-bioluminescence-011.jpg

На Јапонските научници им успеа да ги направат првите слики на човечката „биолуминисценција“. Иако долго време е познато дека сите живи суштества произведуваат мали количини на светлина како резулатат на хемиските реакции во клетките, ова е прв пат светлината на човечкото тело да биде фатена преку камера. Необично е тоа што пределите кои
емитираат најјака светлина не кореспондираат со најосветлените делови на термалната слика од телата на волонтерите.


1
0. Стомакот создава нова мембрана секои три дена за да спречи да се свари во сопствените киселини
a96773_a489_stomach2.jpg

Постои една опасна смротоносна течност која ја има секој од нас – во нашите стомаци. Стомачните ќелии излачуваат хидрохлорна киселина, корозивна состојка која се користи за обработување на металите во индустријата. Може да стопи железо, но слузестата мембрана на стомачните ѕидови ја задржува оваа отровна течност безбедно во
дигестивниот систем, за да можа да се свари сендвичот, но не и самиот стомак.


11. Телесната позиција влијае врз меморијата

a96773_a489_wedding-proposal.jpg

Сеќавањата се длабоко поврзани со нашите сетила. Мирис или звук може да го врати сеќавањето од детството. Поврзаноста може да биде очигледна (ѕвонче од велосипед може да не потсети на велосипедот од детството) или
позагадочна. Една неодамнешна студија може да помогне во дешифрирањето на таквите нејасни сеќавања. Таа покажа дека полесно и побрзо може да се сетите на некоја случка од минатото доколу застанете во истата положба како кога тоа се случувало.


12. Поголемите мозоци v.s. умниците

a96773_a489_big-brain.jpg

Еволуцијата не е е совршена. Доколку беше, можеби ќе имавме крила наместо умници. Понекогаш некорисните каректиристики опстануваат само заради тоа што не прават никаква штета. Но умниците не претставувале секогаш само лесна заработка на заболекарите. Порано, тие служеле како корисна придружба на катниците при кинењето на месото. Но, кога нашите мозоци пораснале, структурата на вилицата се сменила, оставајќи не со пренатрупана вилица.


13. Русокосите имаат повеќе коса

a96773_a489_blonde.jpg

Се вели дека повеќе се забавуваат, но русокосите дефинитивно имаат повеќе коса на главата. Бојата на косата одредува колку е густа истата. Просечниот човек има 100.000 фоликули, од кои секоја може да создаде 20 посебни влакна во текот на животот. Русокосите имаат во просек по 146.000 фоликули, додека луѓето со црна коса 110.000. Оние со кафеава  коса му припаѓаат на просекот со 100.000 фоликули, а црвенокосите имаат најретка коса со околу 86.000 фоликули.


14. Просечен човек испушта гасови по 14 пати секој ден

a96773_a489_fart2.jpg

Еден просечен човек исфрла 16 тони течност преку мокрачата, доволно за да се исполни еден поголем базен.


15. Оргазмите се превентива од рак на простатата

a96773_a489_orgasm-man.jpg

Две големи истражувања, направени во 2003 и 2004-та, открија дека средовечните мажи кои имале (или барем се сеќаваат дека имале) најмалку четири оргазми во текот на своите 20-ти,30-ти и 40-ти години имале намален ризик за рак на простатата за околу една третина. Некои истражувачи спекулираат дека ејакулациите може да ја прочисти простатата од карциногени.

- Реклама -