15 градови со многу зеленило

Во тек е глобална иницијатива која настојува градовите да садат/одгледуваат повеќе дрва и да градат повеќе паркови. Но некои градови и без тоа се понапред од другите. Кои се тие што можат да се пофалат?

За да откријат, Senseable Lab на MIT во соработка со Светскиот економски форум, го создаваат Treepedia – сајт со интерактивни мапи кои ја покажуваат густината на зеленилото во некои од најголемите градови во светот. Користејќи информации од Google Street View, поконкретно фотографии снимени од воздух, научниците изготвија таканаречен Green View Index – индекс што во квантитативна смисла мери колкав е процентот на зеленило од секој од градовите.

На почетокот на проектот, во 2016 година, на Treepedia беа вклучени 10 градови. Оттогаш кон листата се додадени уште 13.

Ова се градовите со највисок „зелен“ индекс (т.е. најголем процент зелена површина) на Treepedia:

15. Тел Авив, Израел – 17.5%

14. Бостон, Масачусетс, САД – 18.2%

13. Мајами, Флорида, САД – 19.4%

12. Торонто, Канада – 19.5%

11. Сиетл, Вашингтон, САД – 20%

10. Амстердам, Холандија – 20,6%

9. Женева, Швајцарија – 21.4%

8. Франкфурт, Германија – 21.5%

7. Сакраменто, Калифорнија – 23.6%

6. Јоханесбург, Јужна Африка – 23,6%

5. Дурбан, Јужна Африка – 23.7%

4. Кембриџ, Масачусетс, САД – 25.3%

3. Ванкувер, Канада – 25.9%

2. Сиднеј, Австралија – 25.9%

1. Сингапур – 29.3%

Повеќе на Treepedia

- Реклама -