15 минути со американската алт-левица, позната како Антифа

Левичарското антифашистичко движење, познато како „Антифа“, постои со децении. Се појави во Европа и Северна Америка како одговор на белите националисти и фашистичката идеологија.

Денес во САД воскреснува една нова Антифа, во која членовите се облекуваат во црни маски и црна облека, и физички се конфронтираат со групите од, според нив, неонацисти и бели супремисти кои се организираат низ американските градови. Секој што ги следи состојбите во САД, особено граѓанскиот активизам, знае дека од раката на Антифа некогаш настрадуваат и обични луѓе чиј единствен грев е што имаат малку поинакво мислење (не радикално, туку поумерено) околу одредени прашања.

Како и да е, од изборите во 2016-та, присуството на Антифа е гарантирано на секој настан на „алт-десницата“, како што ја нарекуваат, особено кога собирите се некако поврзани со Трамп. Не само што оправдуваат насилство против неонацистите и расистите, туку го сметаат и за неопходно. Проблемот, сепак, е што треба многу малку за да те означат како непријател.

VICE се сретна со неколку активисти на Антифа во Филаделфија кои учествуваат во таканаречени Black Bloc активности – ајде така да ги речеме: активности што подразбираат да си маскиран во црно. Во интервјуто ќе дознаете повеќе за нивната идеологија, тактика и индивидуалните причини за учество во движењето. Ако добро читате меѓу редови, ќе најдете и пар суштински одговори.

- Реклама -