Ова патување кон себеспознавањето започнува во главата, поминува надолу преку градите и завршува во утробата на стомакот. По патот ќе видите што се случува кога клетките се погодени од рак и како изгледа кога јајцето го прифаќа сперматозоидот и почнува новиот живот. Фотографиите се направени со помош на скенирање на електронски микроскоп:
Тие изгледаат како бонбони, но всушност се најчест тип крвни клетки во човековото тело – црвените крвни зрнца. Овие клетки имаат задача да испорачаат кислород до целото тело. Жените имаат околу 5 милиони црвени крвни клетки на микролитар (кубен милиметар) крв, а мажите околу 6 милиони. Луѓето кои живеат на повисоки места, имаат повеќе црвени крвни клетки .
Добрата грижа за косата и квалитетот на балсам помагаат да се спречи оваа грда слика на цвет на човечкото влакно.
Од 100 милијарди неврони во мозокот, овие се сместени во малиот мозок и се едни од најголемите. Меѓу другото, тие се мајстори на моторната координација во кората на малиот мозок
Автоимуните болести, генетските мутации, вклучувајќи ги аутизмот и невродегенеративните болести, можат да се одразат негативно врз невроните.
Оваа слика ја прикажува прехранбената крушка врз јазикот. Човечкиот јазик има околу 10 000 рецептори за вкус, кои се ангажирани со одредување на солено, кисело, горчливо, слатко.
Мијте ги забите често, зашто врз нивната површина ќе се добие ова.
Ја помните ли сликата на убавите, идентични по форма црвени крвни клетки? Еве така изгледаат кога се фатени во леплива пајажина на крвно згрутчување. Ќелијата во средината е леукоцитите (бели крвни зрнца).
Вака изгледа внатрешната површина на белите дробови. Шуплините се воздушни вреќички – местото на кое се врши размена на гасовите меѓу крвта и воздухот во белите дробови.
Ова е слика од искривени клетки на белите дробови, од рак . Тие се во остар контраст со здравите бели дробови од претходната слика.
Т.н. вили во тенкото црево ја зголемуваат површината на цревата, што помага при апсорпцијата на храната. Ако погледнете внимателно, ќе видите и храна, заглавена во една од пукнатините.
Оваа слика е клетка. Таа е покриена со слој од гликопротеини, кој ги штити клетките и помага за зафаќање на сперматозоидите. Кон површината се прикачени две коронарни клетки.
Сперматозоиди, кои се обидуваат да ја оплодат јајце клетката.
Ова личи на војна на световите, но всушност е периодот од пет дена по оплодувањето на јајце клетката, кога некои од неуспешните сперматозоиди се уште штрчат наоколу.
И циклусот на животот почнува одново: овој човечки ембрион за 6 дена започнува да се имплантира во матката.