16-годишник го шармираше жирито на X Factor: „Би те слушала по цел ден“

Младото момче го импресионира жирито на X Factor со својот перформанс кој едноставно мора да го погледнете.
Всушност, Николас Мекдоналд, кој има 16 години, ја отпеа песната на Адел ‘Someone Like You’ која е навистина голем предизвик. Николас со својот настап многу го импресионира жирито на X Factor, но и публиката го награди со громогласен аплауз.

„Не можам да дочекам да го купам твојот албум! Ники со сините очи, да можам, и по цел ден би те слушала како пееш“, му рекла по настапот Никол Шерцингер.

Не останале рамнодушни ни другите членови на жирито, а како Ники пее, можете да погледнете во видето подолу.

- Реклама -