Од денеска до 13 август, по 16. пат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен 2024“ на која ќе учествуваат уметници од земјава и од странство. И годинава уметниците ќе работат на слободна тема.
– Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија- вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.
На колонијата ќе творат: Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески, Никола Димески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.
Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.