До 17 часот гласале околу 600.000 граѓани

До 17 часот, според податоците од обработени 79.73% од вкупниот број на избирачки места, на гласање излегле 35.13% од граѓаните, односно 496.774 избирачи, соопшти Државната изборна комисија на прес-конференцијата во 17.30 часот.

Доколку истиот тренд продолжи и при обработка на останатите избирачки места, при 100% обработени податоци, тоа би значело дека досега своето право на глас го оствариле околу 600.000 избирачи, соопшти портпаролката на ДИК – Љупка Гугуческа.

Најголема излезност има во Крива Паланка – 57%, Новаци – 53%, Демир Капија –  52%, Демир Хисир – 51%, Крушево и Прилеп – 50%.

Најмала излезност има во Липково и Желино – 13%, и Центар Жупа и Пласница – 12%.

- Реклама -