18 познати личности кои се изненадувачки ниски

Познатите личности изгледаат релативно совршено  шетајќи по црвениот килим. Но како што знаеме и тие се луѓе, и всушност, се далеку од совршени. Разликата е во тоа што имаат доволно пари за да ги скријат своите несовршености.

Ќе ви презентираме 18  ѕвезди, кои сигурно се одликуваат со нискиот раст. Холивуд е полн со ниски луѓе. Некои го признаваат тоа смирено, додека други се познати со своите напори да го скријат (посебно мажите).

1. Ејми Полар

Оваа прекрасна и забавна актерка, никогаш не раскажува шеги за ниски луѓе, можеби  затоа што самата таа е 158 см.

2. Фред од Limp Bizkit

Рок ѕверот од Limp Bizkit, може и да изгледа поголем од светот, но лошото момче на Америка всушност е висок 168 см.

3. Ким Кардашјан

Е не може да поминеме без скандалозната Ким … позната по што? Па и ние не сме сигурни. Најпознатата од сестрите Кардашијан е соодветно и најниска – 158 см.  Една од нејзините сестри  е 185 см.

4. Дејвид Спејд

Овој прекрасен комичен актер е вистински магнет за жените, со цели 173 см …

…. 173 см?  Вистината, велат, се криела неколку сантиметри подолу!

 

5. Дани Девито

Девито е еден од најниските актери во Холивуд – 152 см.  А неговата сопруга Риа Перл е 158 см.

 

6. Мери-Кејт Олсен

Госпоѓицата Олсен е пониска од својата сестра близначка – Ешли. Мери-Кејт е 157 см висока, додека нејзината сестра е малку повеќе кон врвот – 160 см.

7. Елтон Џон

Овој  неверојатно талентиран пејач е 171/2 см ни повеќе, ни помалку …

Ова, се разбира, не му пречи да има неверојатно успешна музичка кариера и да остави впечаток во срцата на луѓето, засекогаш!


8. Доли 

Доли има доста големи … голема индивидуалност, која се вклопува во нејзиното пакување од 152 см.

9. Роберт Дауни Џуниор

Ѕвездата од мноштво акции,  блокбастери како „Железниот човек” и „Шерлок Холмс” е всушност сосема ситен. Дауни е едвај 176 см … што како целина за маж е просек.

10. Лил Ким

Егзотичниот црн бисер Лил Ким е едно компактно минионче.  Ким е 150 см …

11. Дастин Хофман

Независно од висината – 167 см, Дастин се претвора во незаборавна фигура на холивудската сцена :) Не секогаш големината е од значење!

12. Том Круз

Том е еден од најпознатите успешни актери во Холивуд. Тој тврди дека е 170-173 см …

13. Џенифер Лав Хјуит

Госпоѓица Л. Хјуит е мала и убава дама – 152 см

14. Џада Пинкет Смит

Поранешната сопруга на познатиот актер Вил Смит, е едно многу малечко и изнемоштено суштество. Таа е висока само 152 см, па изгледа особено мала стоејќи до витката и висока – Шарлиз Терон.

15. Хилари Даф

Бившата ѕвезда на „Дизни” е 157 см.  Дури некои адолесценти деца кои моментално играат за “Дизни”, се повисоки од неа … Таа  сепак не оставила висината да ја запре на нејзиниот пат кон славата.

16. Принц

Принц е едвај 158 сантиметри, што за маж навистина е многу малку.

17.Ал Пачино

Пачино може да биде најголем  на екранот преку силното влијание. Но,  сепак во реалниот живот тој е само едно малечко маженце – 170 см висок. (До Дениро, кој е 177 см, неговата висина е воочлива)

18. Рис Витерспун

Јужната убавица е доста секси и дрска, а е висока само  156 см.

- Реклама -