20 фотки од Северна Кореја

S koreja

Малезиецот Рубен Тео вели дека да се посети Северна Кореја е искуство што наликува на нешто што ти се случува еднаш во животот. Во Малезија не користат изрази како „одиме на одмор“ кога патуваат во оваа затворена земја. Наместо тоа, велат „ќе влегуваме“.

Собира храброст да влезе во земјата во 2014-та, пред сé воден од својата љубопитност. А кога ќе се најде таму, останува запрепастен, не само од реализацијата дека се наоѓа во прочуената Северна Кореја, и не само од заглавеноста на земјата некаде во 80-тите, туку и од масивните згради и прекрасните споменици, особено во Пјонгјанг. Сепак, фотографот е најмногу импресиониран од прекрасните и гостопримливи луѓе. Вели дека локалните биле екстремно пријателски настроени кон нив странците.

Севернокорејците, исто така, се горди на својата култура и не се срамат да се пофалат со најдобрата архитектура и уметнички вештини. Доминиран од фузија на традиционални и социјалистички архитектонски стилови, главниот град е мошне уникатен. Така, и самото будење во Пјонгјанг и погледнувањето низ прозорецот – е глетка сама по себе.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Денес веќе многу туристи ја имаат посетено Северна Кореја. Обично ги споделуваат своите тамошни искуства онлајн, повеќето филувани според потребите на авторот и според тоа што смета дека ќе му донесе најмногу внимание. Тео, од друга страна, се обидува да ја прикаже убавината на оваа често неразбрана нација. Следува негова компилација од 20 места кои вредат да се посетат во Пјонјгјанг, и кои пред сé ја доловуваат неговата намера.

Chollima-57ceddedd9e71__880 Grand-People-57ceddf2163ac__880 hakdanggol-57ceddf6ec72d__880 Juche-57ceddfbb611a__880 kumsusan-57ceddfea852b__880 mansudae-art-57cede02a16b0__880 mansudae-grand-monument-57cede064e50e__880 meari-57cede0b8e190__880 monument-party-57cede10416b1__880 munsu-57cede158351e__880 pyongyang-folklore-57cede18cdd24__880 pyongyang-metro-57cede1e1331e__880 pyongyang-station-57cede25d8b9c__880 Reunification-57cede29b47e3__880 Rungrado-57cede30265de__880 ryugyong-57cede346e699__880 taedonggang-57cede385c211__880 taesongsan-57cede3d0da28__880 victorious-57cede3fe13b2__880

Arch-of-Triumph-57cedde8758ab__880[1]

- Реклама -