20 години Škoda Octavia

ш1

Еден од најуспешните автомобилски модели, Škoda Octavia, ја одбележува својата 20-годишнина во овој месец, а од компанијата се горди на оствареното во овој период – реализација на пет милиони единици од промоцијата на пазарот, па досега.

ш2При појавата на првата генерација во модерната историја на Škoda, на Octavia во 1996 година, возилото беше достапно со два бензински и еден дизел мотор, со моќност од 75 до 125 коњски сили. Во следните неколку години, од компанијата брзо ја развиваат гамата со нови мотори, лансираат караванска верзија во 1998, а потоа и варијанта со систем за погон на четири тркала во 1999. Освен поради достапната цена, првата генерација на Škoda Octavia стекнува сериозна популарност и заради невидениот простор на ентериерот, како и на капацитетот на багажникот. При стандардна конфигурација на седиштата, неговиот волумен изнесуваше 528, а по преклопувањето на задните седишта тој растеше до импресивни 1.328 литри. Производството на првата Octavia стартуваше на 3 април, а капацитетот на фабриката во Млада Болеслав постепено се зголемуваше до 350.000 единици годишно. Последниот претставник на првата генерација на Škoda  Octavia е произведен во фабриката на брендот во Врехлаби во ноември 2010 година, а вкупната бројка на склопени претставници изнесуваше над 1.440.000 единици.

ш3Од втората генерација на Octavia се продадени повеќе од 2,5 милиони единици (2004-2013), а од третата, лансирани на пазарот во ноември 2012, до крајот на март оваа година се произведени еден милион возила единици.

ш4Во моментов, Škoda ја произведува Octavia како во Млада Болеслав, така и во Кина, Индија, Русија и Казахстан.

ш5

Автоплус

- Реклама -