20-годишник прва жртва од мали сипаници во Србија

20-годишен млад човек од Белград починал на интензивното одделение во градската болница поради компликации предизвикани од мали сипаници.

Според сознанијата добиени од лекарите, српските медиуми пишуваат дека тој никогаш не бил вакциниран.

Во Србија досега се забележани 630 случаи на мали сипаници, од кои 91% биле невакцинирани или делумно вакцинирани (пропуштани некои од вакцините).

Случаи на мали сипаници беа забележани и во Македонија, но ниту еден од нив немаше фатален исход. Од заболените никој не беше вакциниран.

Прочитајте и:  Вучиќ не открива дали ќе оди на самитот на БРИКС: Што и да направам, нема да биде едноставна позиција за Србија
- Реклама -