20 језиви факти за смртта

„На овој свет неизбежни се само смртта и даноците“

Во продолжение дознајте  2о неверојатни факти за крајот на животот:

Практиката на погребување на мртвите датира  350 000 години.

Околу 100 милијарди лица загинале во целата човечка историја.

Статистиката покажува дека во Њујорк бројот на самоубијци веќе е поголем од бројот на загинатите во злосторства и инциденти.

Околу 153 000 луѓе умрат на својот роденден.

Лекарски грешки убиваат повеќе од 7.000 луѓе годишно.

 

Левичарите умираат 3 години порано од луѓето кои се служат претежно со десната рака.

Кога човекот умра, последното што го  губи од своите сетила е слухот.

Поверојатно е да умрете од удар на  кокос, отколку од напад на ајкула.

Секој час најмалку еден човек умира  поради пијан возач во САД.

Монт Еверест има закопани околу 200 мртви тела, кои денес се атракции на патот кон врвот.

На секои 40 секунди некој се самоубива.

Ајкулите убиваат 12 луѓе секоја година. Луѓето убиваат 11 417 ајкули на час.

Италијанскиот сериски убиец Леонардо Чангчун е познат по тоа што ставал  во колачите за чај делови од своите жртви, а потоа им  ги нудел  на гостите.

За грчкиот филозоф Хризип се смета дека  умрел од смеа,  пијан на магаре.

Пепелта на креаторот на пакувањата за чипс Pringles се чува во истата кутија за чипс.

 

80% од сите жители на Советскиот Сојуз од машки пол кои се родени во 1923 година, умираат за време на Втората светска војна.

Многу поверојатно е да умрете, лизгајќи се  во кадата или да ве удри гром, отколку при  терористички акт.

На секои 90 секунди една жена умира во текот на бременоста или породувањето.

35 милиони од клетките умираат секоја минута.

Распнувањето на крст се уште е официјална форма на казна во Судан.

- Реклама -