Сместена во тревните ридови, меѓу остатоците на камени ѕидови, оваа 200-годишна куќа од дрво и камен во себе крие една голема тајна.
Имено, зад ѕидовите се крие неочекувано модерна резиденција.
Швајцарскиот дом е надграден од Buchner Bründler Architekten, што го претвора распаднатиот простор во неверојатна подземна куќа.
Од надворешната страна, неколку аеродинамички елементи од бетон се единствените знаци кои алудираат на модерниот ентериер.
Сите нови елементи се направени од бетон, вклучувајќи ги заоблената кадата, отворениот камин, базенот и кујнската површина.
Високите дрвени капаци ги покриваат предните прозори додека новата стаклена врата води кон градината.
Постоечките ѕидови дејствуваат како дополнителен слој на изолација, иако домот е наменет за живеење само во текот на летото.