Фотографија од саканата личност ја намалува болката

болкаНаучниците откриле дека фотографиите на саканите можат да ја ублажат болката. Тие велат дека фотографија од партнерот ја намалува активноста во деловите од мозокот кој се поврзани со болката. Ефектот е речиси ист како и ефектот на парацетамол или наркотици како кокаин.

Студија на Стенфорд Универзитетот открила директна поврзаност помеѓу чувствата како емотивна поврзаност и ублажувањето на болка. Мозоците на вљубените субјекти биле скенирани со магнетна резонанса додека тие се фокусирале на фотографии од нивните партнери а нивната кожа била подложена на различни нивоа на топлина. Невронаучникот Џеред Јангер открил дека, во просек, болката била намалена помеѓу 36 и 44 проценти, а непријатното чувство било намалено до 13 степени.

Автор на една друга студија изјавил: „Намалувањето на болката се поврзува со повисоките, надворешни делови на мозокот. Намалувањето на болката поради љубов се поврзува со центрите за награда. Изгледа дека во процесот се опфатени попримитивните аспекти на мозокот, кои активираат длабоки структури кои можат да ја блокираат болката на сличен начин како опиоидните аналгетици. Една од клучните локации е nucleus accumbens, клучен центар за зависност од награди за опиоиди, кокаин, и други дроги. Овој регион му кажува на мозокот дека треба да продолжи да го прави тоа што го прави. Што ни кажува дека не мора да сме зависни само од дроги за намалување на болка. Луѓето чувствуваат интензивни награди, без несаканите појави поврзани со дрогите.“
 
Во посебна анализа, психолозите проучувале 25 жени и нивните партнери повеќе од шест месеци и ги подложувале на различни нивоа на болка преку остро чувство на боцкање. За време на различните „стимулации“, жените или ја држеле раката на својот партнер или на непознат маж кои биле скриени зад завеса. Во други случаи на жените им било речено да гледаат во фотографија од партнерот или фотографија на непознат маж додека биле боцкани. Истражувачите од Универзитетот од Калифорнија, каде што била одржана студијата, откриле дека жените покажувале значително намалено болно искуство кога ја држеле раката на партнерот. Но изненадување било што и фотографијата на романтичен партнер имала ист ефект на намалување на болката, и во двата случаи ефектот бил поизразен отколку кога се работело за непознат маж.[Looking at a photo of a loved one ‘reduces pain by 44%’]

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -