2012 – Крај на светот или почеток на подобри времиња

dec2012intro.jpg Како што се ближи 2012-та сè повеќе се зголемува
еуфоријата околу нејзиното значење и настаните кои ќе се случат со нејзиното
доаѓање. Сепак и покрај многубројните шпекулации, не се смета дека на овој
датум ќе дојде крајот на светот, туку дека се работи за година на голема
позитивна промена.

dec2012.jpg
Како што се ближи 2012-та сè повеќе се зголемува
еуфоријата околу нејзиното значење и настаните кои ќе се случат со нејзиното
доаѓање. Сепак и покрај многубројните шпекулации, не се смета дека на овој
датум ќе дојде крајот на светот, туку дека се работи за година на голема
позитивна промена.

Дел од настаните кои го потврдуваат ова, се зголемувањето на т.н. „пулс на
земјата“ кое се случува последниве години. Се работи за резонанцијата на празнината меѓу површината
на земјата и јоносферата, чија вредност од нејзиното откривање(1899) па сè до 1986 изнесувала 7,8 херци во секунда. Потоа почнала
да се зголемува, за до 1998 да достигне 10 херци во секунда.

Од друга страна, магнетните полиња драстично се намалуваат и се очекува до
2012 да паднат на нула.

Календарот на маите но и многу други календари завршуваат оваа година,
меѓутоа тоа не значи дека со нив ќе заврши и постоењето на светот, туку само
дека ќе започне нов (подобар) период т.е. календар.

Поконкретно, маите сметаат дека промените ќе започнат со појавувањето на
„голема сина ѕвезда“ на небото и ќе траат во период од 7 години, некаде околу 2012 година. Настан
сличен на ова пророштво е регистриран на 24 октомври 2007, така што се смета
дека периодот на промени е започнат.

На официјалната страна, може да прочитате за сите
гледишта околу датумот 21.
XII.2012 и да оформите сопствено мислење околу неговото значење.

- Реклама -