По излегувањето на филмот „2012“ кој ја експлоатира паранојата која владее на интернет за „крајот на светот на 21 декември 2012 година“, НАСА излезе со информации околу фактите позади оваа глупост. Проверете.
По излегувањето на филмот „2012“ кој ја експлоатира паранојата која владее на интернет за „крајот на светот на 21 декември 2012 година“, НАСА излезе со информации околу фактите позади оваа глупост. Проверете.
Широкораширената теорија за крајот на светот според крајот на мајанскиот календар вели оти на тој датум ќе дојде до масовни природни катастрофи (како што тоа се случи и на 1 јануари 2000 година), поради тоа што Земјата ќе биде удрена или врз нејзе ќе повлијае Планетата Икс (Нибиру). Потеклото на оваа теорија е од квазинауката, од луѓето кои се бават со теории на заговор и најпосле од оние што сакаат да извлечат профит од стравовите на луѓето. Во последнава категорија спаѓаат продуцентите на најновиот апокалиптичен филм „2012“.
Овој филм режиран од Роланд Емерих може слободно да се сумира како 2 и пол часовен фестивал на специјални ефекти и компјутерска графика. Но, за да се остварат предвидувањата, треба да се случи „второто враќање на Анунаките“ (расата што живее на Нибиру). Штета што тие никогаш не ни биле овде, затоа што не постојат!
НАСА излезе со корисни информации во насока на смирување на страстите што ги разгоре сензационалистичкиот филм. „Не постои ниту еден факт со кој би можеле да се поткрепат ваквите тврдења“ рекол претставникот на вселенската агенција. „Ако такво вселенско тело се приближуваше кон Земјата, астрономите од цел свет ќе го следеа цела декада, а до сега, тоа ќе беше видливо и со голо око. Очигледно станува дека тоа не постои!“
Научниците ги разгледале сите можни опции околу ова сценарио и дошле до неколку заклучоци. Она што можеби е помешано за „мистериозната планета“ е планетоидот Ерис, кој е малку пооддалечен од Плутон, но неговата орбита нема да се приближи на помалку од 6,4 милијарди километри од Земјата. Не постојат планетарни подредувања во наредниве неколку декади. Дури и да се случи неверојатното подредување кое се предвидува, тогаш ефектите на Земјата нема да бидат ни приближно толку драматични колку во филмот. Значи, во моментов не постојат непосредни вселенски закани за нашата планета.