„21 Jump Street“ се враќа на големото платно

Продолжението на акционата комедија „21 Jump Street“ од 2012 година ќе излезе следната година, потврди продукциската куќа „Sony Pictures“.

Под името „21 Jump Street 2“, филм за двајца полицајци кои ќе бидат вратени во средно ушилиште на тајна мисија за да откријат дилери на дрога, многу брзо ќе ја види светлината на денот и ќе се појави на големото платно. Силите повторно ќе ги здружат Шмит и Џенко, односно Џона Хил и Чанинг Татум.

Со над 200 милиони долари заработка во кино салите ширум светот, „21 Jump Street“ беше една од најдобрите комедии за 2012, а на сценариото за вториот дел покрај Мајкл Бакал, ќе работи и Џона Хил. Снимањето треба да почне на крајот на оваа година.

За сега не се потврдени режисерите на филмот затоа што Фил Лорд и Крис Милер, кои го направија првиот дел, моментно го снимаат „The Lego Movie “ па не се знае дали повторно ќе соработуваат со Хил, Татум и останатата екипа.

- Реклама -