25-те најпопуларни пасворди за 2015-та а.к.а. Луѓето пак се глупи

3055656-poster-p-1-the-25-most-popular-passwords-of-2015-or-humans-suck[1]

Човештвото постигна прилично извонредни нешта во 2015-та. Приземјивме ракета за повеќе употреби, прелетавме крај Плутон и пративме слики со висока резолуција од далечина од повеќе од 7.5 милијарди километри. И таман човек да се напува од гордост, ете ја листата на 25-те најупотребувани пасворди за навидум импресивната измината година. Некаде до првата третина избледува секоја тронка на возгордеаност, а кон крајот веќе сфаќаш дека човештвото е осудено да пропадне.

Најупотребуван пасворд во 2015-та е „123456“. ПАК! И по толку многу предупредувања, листата составена од SplashData – преку анализа на повеќе од 2 милиона пробиени пасворди, останува да изгледа како потсетник за тоа што не треба да се прави кога се избира лозинка, а воедно и како потсетник за човековата глупост и невнимателност.

1.    123456 (без промена)
2.    password (без промена)
3.    12345678 (искачување од 1 место на листата на најпопуларни од 2014-та)
4.    qwerty (↑ 1)
5.    12345 (пад од 2 места на листата на најпопуларни од 2014-та)
6.    123456789 (без промена)
7.    football (↑ 3)
8.    1234 (↓ 1)
9.    1234567 (↑ 2)
10.    baseball (↓ 2)
11.    welcome (нов на листата)
12.    1234567890 (нов)
13.    abc123 (↑ 1)
14.    111111 (↑ 1)
15.    1qaz2wsx (нов)
16.    dragon (↓ 7)
17.    master (↑ 2)
18.    monkey (↓ 6)
19.    letmein (↓ 6)
20.    login (нов)
21.    princess (нов)
22.    qwertyuiop (нов)
23.    solo (нов)
24.    passw0rd (нов)
25.    starwars (нов)

Ако ништо друго, барем се гледа дека годинава се потрудиле да бидат малку покреативни, вметнувајќи нула наместо „о“ во „passw0rd“…

- Реклама -