27 показатели дека се наоѓате во вистинската врска

Брак Вљубувањето секогаш е убава работа. Но, како да знаете дека се наоѓате во вистинската врска, онаа која што треба да заврши со – …и среќно си живееја? Едноставно! Следете ги овие 27 показатели кои ќе ви покажат дали сте на вистинскиот пат.


Вљубувањето секогаш е убава работа. Но, како да знаете дека се наоѓате во вистинската врска, онаа која што треба да заврши со – …и среќно си живееја? Едноставно! Следете ги овие 27 показатели кои ќе ви покажат дали сте на вистинскиот пат.

БракКога имате сериозни намери со вашиот партнер, пред да го направите клучниот чекор, неминовно треба да се синхронизирате по овие 27 прашања:

1. Дали сакате да имате деца или не?

2. Дали пушите или не?

3. Дали пиете или не (важи и за наркотици)?

4. Религија (или недостаток на истата) – еднаква, подносливо различна или конфронтирачка?

5. Кој ќе работи, а кој ќе седи дома (особено ако се одлучите да имате деца)?

6. Каде сакате да живеете?

7. Кој ќе го контролира буџетот?

8. Какви се неговите / нејзините односи со семејството. Нормални или чудни?

9. Како ќе ги минувате одморите и празниците?

10. Дали ќе спиете со отворен или затворен прозорец (со вклучено греење или ладење)?

11. На која страна од креветот тој / таа мора да спие?

12. Каде ќе одите на одмор и во слободното време?

13. Кога сте болни, дали ќе ве разгали или ќе ве остави сам(а)?

14. Кога ќе се разменуваат подароци (родендени, сите празници, само за Нова Година)?

15. Кој што ќе работи низ дома?

16. Што е прифатлива хигиена, а што е претерување?

17. Што се нејзините / неговите интереси и хобија?

18. Омилени: музика, филмови, книги?

19. Омилена храна?

20. Миленичиња, дали и ако да, од кој вид?

21. Решенија за животот на децата: школи, религија, џепарлак, дисциплина, дружба итн.

22. Време на оброци – рано или доцна?

23. Каков вид мебел – современ или стар.

24. Навики во спиењето – 4 или 8 часа?

25. Како вашата врска ќе успее да се справи со криза?

26. Како ќе се однесувате во јавност?

27. Како ќе се однесувате со пријателите и членовите на семејствата?

- Реклама -