2be Mobile Photo Contest 2008

clubphonetakingpicture.jpg За да ги запалите вашите мобилни камери, 2be во соработка со 365.com.mk организира конкурс за фотографии направени со мобилен телефон. Можат да учествуваат сите оние кои имаат камери на нивните мобилни телефони.



Официјалната веб-страница на наградниот конкурс за фотографии од мобилни телефони во организација на 2be и 365.com.mk
(http://www.365.com.mk/2bephoto)

2be Mobile Photo Contest 2008 заврши. Испративте повеќе од 900 фотографии сликани со мобилен телефон, од кои беа избрани 3 победници во трите дадени категории. Бидејќи имаше многу креативни и квалитетни фотографии жирито одлучи да награди повеќе учесници, кои заедно со првонаградените од 20.12 – 27.12.2008 ќе бидат изложени во продажниот салон на 2be во ГТЦ – Скопје. Премиерно, ви ги претставуваме сите наградени фотографии.
Во категорија над 3.2 мегапиксели
награда: Nikon Coolpix P50
5.jpg

Во категорија 2.1 – 3.2 мегапиксели
награда: Nokia N95
4.jpg

Во категорија до 2 мегапиксели
награда: Sony Ericsson K800
19.jpg

Наградени фотографии од 2be во соработка со SanDisk
(2GB мемориска картичка)

{gallery}2bephoto2008{/gallery}
ЖИРИ

Александар Ивановски – фотограф
Дејан Пановски – фотограф (dejanpanovski.com)
Наќе Батев – фоторепортер (Вечер)

На сите учесници во ова натпреварување би сакале да им се заблагодариме за учеството и да им порачаме и понатаму да учествуваат во наградните игри кои ги организира 2be Mobile.

*************************************************************************

telefoni_naslov.jpg

За да ги запалите вашите мобилни камери, 2be во соработка со www.365.com.mk организира конкурс за фотографии направени со мобилен телефон.
Можат да учествуваат сите оние кои имаат камери на нивните мобилни телефони.

Учесниците ќе се натпреваруваат во 3 категории, зависно од квалитетот на камерата што ја поседува нивниот мобилен телефон.

Сè што треба да направите е да фотографирате нешто интересно и да го испратите преку формуларот подолу.

Пријавувањето на фотографии ќе трае до 05.12.2008 година. Победниците ќе бидат објавени на 19.12.2008 година, по што ќе следува изложба со најдобрите 100 фотографии.

СРЕЌНО!

Рокот за испраќање на фотографии заврши.
За повеќе инфо околу конкурсот, посетете ја наскоро оваа страница.

600px_-_slika.jpg

sandisk.jpg

НАГРАДИ

Во категорија до 2 мегапиксели: Sony Ericsson K800
Во категорија 2.1 – 3.2 мегапиксели: Nokia N95
Во категорија над 3.2 мегапиксели: Nikon Coolpix P50

ПРАВИЛА

Фотографиите мора да бидат оригинални и не треба да се претходно објавувани во било кој медиум или пак да учествувале на други конкурси. Секоја фотографија со непристојна содржина ќе биде дисквалификувана. Секој учесник може да испрати до 3 фотографии. Краен рок за испраќање на фотографиите е 05.12.2008.

На фотографиите се дозволени корекции на боја, контраст, острина и останати помали промени. При оценувањето од страна на стручното жири, фотографиите кои не се грубо манипулирани во програм за графичка обработка ќе имаат предност.

Фотографиите мора да поседуваат Exif информација, односно metadatа како точно би се утврдило дека се работи за фотографија направена со мобилен телефон. Сите фотографии кои се без ваква информација во самиот фајл нема да бидат оценети.

ЖИРИ

Александар Ивановски – фотограф
Дејан Пановски – фотограф (dejanpanovski.com)
Наќе Батев – фоторепортер (Вечер)

- Реклама -