3 докази дека не треба да се плашите од летање

За многумина, самото летање со авион е доволно застрашувачко искуство, а уште повеќе ако се случи некое од  „црните“ сценарија. Сепак, реалноста е дека немате причина за загриженост, а еве и зошто:

Турбуленции и понирање
Овие појави при летањето се често и непријатно искуство, но како што убедува пилотот Патрик Смит, „ретко се опасни“. Во неговата книга „Cockpit Confidential“, тој пишува: „…иако на патниците им се чини дека авионот пропаѓа стотини метри, ретко се случува да понира повеќе од 6 метри“.
Единствениот познат случај на авион што се срушил заради турбуленција е летот BOAC, во далечната 1966-та година, и тоа кога пилотот намерно прелетувал преку Фиџи. Познато е дека сериозно лошото време го попречува радарот Doppler кој ја покажува реалната состојба во воздухот, па затоа пилотите не летаат таму каде што е опасно.

Откажување и запалување на моторот
Авионите немаат многу сличности со автомобилите, така откажувањето на еден мотор не значи дека авионот автоматски ќе заврши во провалија. Пилотите всушност имаат и предупредувачки систем кој ги информира за состојбата на моторот дури и пред да се случи некаков проблем, што им овозможува да реагираат навремено и соодветно ако за тоа има потреба. Не треба да се стравува од пожар на моторот ниту при полетувањето, ниту за време на летот. Кратките воздушни избуви можат да се случат заради насобран вишок на енергија или заради судар со птица, но тоа не значи дека се секогаш опасни.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Автоматско активирање на маските за кислород
Во филмовите, ваквото сценарио значи дефинитивен крај. Во реалноста, системот се активира дури и при најмал недостаток на притисок во внатрешноста на авионот, во најлош случај причинет од напукнат прозор или врата.
Иако ваквите ситуации се трауматични за патниците, тие се вообичаено сценарио за кое сите пилоти тренирале барем милион пати во симулатор. Секој пилот знае дека во таков случај треба брзо да ја промени висината на летање, за губењето на притисокот да не влијае на дишењето на патниците.

- Реклама -