Погледнете ја листата на 30 најневеројатни фотографии кои всушност се автентични, без каква и да е обработка или монтажа.
Погледнете ја листата на 30 најневеројатни фотографии кои всушност се автентични, без каква и да е обработка или монтажа.
Се работи за германска машина создадена за ископување. Оние нешта кои изгледаат како сечила кои би можеле да пресечат планина, се само големи кофи за исфрлање земја, доволно големи за да можат да ви ја соберат куќата.
Се работи за макарони со сирење во сос од чили и говедско, во картонска кутија, со стапче за поттурнување кои се подготвуваат за неколку минути во микробранова. Ова е обид да им се овозможи обични јадења на луѓето кои немаат време да ги подготвуваат. Постоел сличен производ со кајгана.
Она што наликува на лош и прилично расистички фотошоп е всушност дел од маркетинг кампањата за филмот „Запознајте го Дејв“. Проблемот лежи во тоа што единственотот нешто што е пострашно отколку да налетата на џиновската глава на Аксел Фоли на некој автопат е да го гледате филмот кој го промовирале.
Се работи за скулптура во Англија. Авторот сакал да изгради споменик со кој ќе ги истакне приватноста и осаменоста на чекањето. Веројатно мислел на осаменоста на џиновски писател кој седи во парк и јаде велосипедисти кои му ја нарушуваат приватноста.
Се работи за знак кој е еден вид 3D илузија кој доколку се гледа од
внатрешноста на гаражата, изгледа како да лебди во воздух. Авторот на
знакот добил награда за него, зашто очигледно постојат награди за
иновативни знаци во подземни гаражи.
25. Авион преку улица?
Се работи за аеродромот на островот св. Мартин кој има необично куса писта, па затоа големите авиони мораат да пристапат до неа исклучително ниско, директно над плажата.
Се работи за кокосовата краба, најголемата што живее на копно. Чудно е колку мило име има добиено, со оглед на тоа дека изгледа како чудовиште од филмовите со Сигурни Вивер кое едвај чека да ви се фрли в лице и може да биде убиено единствено со пламенофрлач.
Се работи за Гранд Присматик, најголемиот геотермален извор во светот, кој се наоѓа во националниот парк Јелостон.
Ова е Венди, кучката со генетско пореметување кое доведува до неконтролиран раст на мускули.
21. Детска игра?
На прв поглед ова изгледа како куќа која е вшмукана во некоја од црните дупки кои ги опишува Стивен Хокинг. Всушност се работи за уметнички проект на тема „како би изгледала куќата на вашиот сосед, во универзумот на Луни Тунс“. Одговорот изгледа прилично добро.
[30 фотографии за кои нема да поверувате дека не се фотошопирани (2. дел)]