Го привршуваме одбројувањето на листата од 30 фотографии кои иако наликуваат како производи на фотошоп, всушност се автентични. Погледнете ги и последните 10.
Го привршуваме одбројувањето на листата од 30 фотографии (1, 2) кои иако
наликуваат како производи на фотошоп, всушност се автентични.
Погледнете ги и последните 10.
10. 4 од 5 стоматолози ја препорачуваат како лек против напад од азиски џинови
Се работи за билборд во Индонезија на кој е залепена рекламата за пастата за заби „Формула“. Луѓето од компанијата која ја произведува сакале да потенцираат колку силни стануваат забите со користењето на нивниот производ. Како бонус, оваа слика испраќа и порака до малите деца – луѓето од сликите можат да оживеат единствено ако се неверојатно големи и доволно гладни за да ве изедат!
9. Ретка снимка од загрозената африканска птица Што е Тоа?!
Смајлито кое стои на гранка всушност е Рајската птица фатена за време на неверојатно смешниот ритуал на парење. Шарките кои наликуваат на смајли се наоѓаат на стомакот, а за да поверувате оти се работи за птица, ќе ви помогне уште една фотографија од друг агол:

8. Германецот кој ја откри тајната на левитација!
Оваа слика би било најлесно се објасни со магија, но вистината е далеку понеинтересна. Се работи за уличниот изведувач Јохан Лорбер кој е поддржан од метална направа која е прикачена за зградата со лажната рака. Одново, уште една фотографија на помош:
7. Замок
Ниту оваа фотографија не е производ на игра со фотошоп, но не е ниту место во кое се живее. Ова е постава на која се играла претставата „Иванов“ од Чехов, во Амстердам.
6. Чудото на креација (од тинејџерските години на господ)
Се работи за вистинска санта мраз. Доволно кажано.
5. Воден парк дизајниран од магионичар
Магијата го губи својот сјај кога ќе ви објаснат како бил направен трикот. Во случајот, цевката која носи вода до чешмата и која воедно ја држи чешмата минува низ млазот вода.
4. Ѓубре!
Се работи за скулптура создадена од ѓубре, која потем се осветлува од одреден агол за да ги проектира силуетите.
3. Загубени во преводот
Се работи за фотографија од ресторан во Кина, за време на Олимпијадата. Во тој период, многу од угостителските објекти сакаа да ги приближат своите услуги до туристите од целиот свет. Сопствениците на овој ресторан не познавале никој што знае англиски, па затоа се послужиле со некој од неверојатно точните интернет преведувачи…
2. Грешка во преводот ќе го подобреше овој производ
Прво и основно, од кога кучињата се потат? Се работи за автентичен јапонски пијалок, кој е именуван по теркот на оригиналниот „Потта на Покари“. Не се знае кој е Покари, но ќе претпоставиме дека тоа е име на некој сумо борач.
1. Врвно обезбедување
Се работи за фотографија позајмена од официјалниот веб-сајт на аеродромот во Бирмингем (вториот најголем град во Велика Британија). Ако не ви е јасно што не е во ред со она што го гледате, погледнете во долниот лев агол на скенираниот куфер. Кога истото било воочено од одговорните на аеродромот, дилдото било отстрането со фотошоп – типично стаилинистички.
[15More Images You Won’t Believe Aren’t Photoshopped]