30 Март 1904: Што ќе се случеше ако никој не се појавеше на финалето?

Athletic Club Bilbao 1904

На 30 Март 1904 година требаше да се одигра финалниот натпревар од Кралскиот куп, тимот Еспањол од Мадрид беа единствените кои истрчаа на теренот, но сепак не успеаја да го освојат купот.

Истата таа година, организатор на Купот беше претседателот на „Мадридската фудбалска федерација“, кој истовремено беше претседател и на клубот Еспањол од Мадрид (Espagnol de Madrid). 

Имено, четири тима се бореа во претходните рунди, и најуспешната требаше да ги одмери силите со шампионот од сезоната 1904, Атлетик Билбао.

Еспањол од Мадрид првиот натпревар го одигра со Реал Модерно (5:5). По завршувањето на натпреварот, двете страни се договорија да одиграат реванш натпревар, наместо да одат во продолжетоци. Но, неможеа да се договорат за конкретен термин.

Играчите на Еспањол де Мадрид сакаа натпреварот да се одигра утредента, додека Мадрид Модерно сакаа пауза од 48 часа помеѓу двата натпревари.

Откако утредента фудбалерите на Еспањол се појавиле на теренот, Мадридската федерација ги прогласила за шампиони.

Полуфиналето го играле против ФЦ Монкола. Еден играч на Еспањол се повредува и судиите се решаваат да го прекинат натпреварот. Повторно тимовите имале проблем со закажувањето на датумот за продолжетокот од натпреварот, и нормално повторно федерацијата си го прогласува тимот Еспањол од Мадрид за победник.

Мадридската федерација го закажува финалето за 30 Март 1904 година, иако истото пред почетокот на Купот било закажано за 26 Март.

Фудбалерите на Атлетик Билбао си дошле на веќе закажаната дата, 26 Март и виделе дека нема противнчки фудбалери на теренот. Играчите помислиле дека тие се освојувачи на Кралскиот Куп, за по само 4 дена да сфатат дека не се.

Мадридската фудбалска федерација го прогласува Еспањол од Мадрид за победник, но сите тимови се спротиставуваат на оваа одлука и решаваат самите да го прогласат Атлетик Билбао за освојувач на Кралскиот куп.

- Реклама -