„300“ трејлер

sparta300„300“ е филм базиран на графичката новела на Френк Милер за легендарната
битка помеѓу Персијците и Спартанците во преминот Термопилаи 480г пред
н.е. Приказната главно го отсликува моментот кога мала група од 300
луѓе, водени од кралот Леодинас од Спарта го блокирала единственото
место каде армијата на Ксерксес I можела да помине.


„300“ е филм базиран на графичката новела на Френк Милер за легендарната битка помеѓу Персијците и Спартанците во преминот Термопилаи 480г пред н.е. Приказната главно го отсликува моментот кога мала група од 300 луѓе, водени од кралот Леодинас од Спарта го блокирала единственото место каде армијата на Ксерксес I можела да помине.

Персијците успеале да победат со тоа што преку предавник се нашле зад грб на својот непријател, но претрпеле големи загуби, несоодведни во споредба со Грците. Кралот Леодинас знаел дека е предаден, ја повлекол целата армија и останал да го брани теснецот со 300 Спартанци и уште 700 Тесписки волонтери. Знаејќи дека ова значело нивна сигурна смрт, целта била сигурно да го обезбедат повлекувањето на останатите Грчки сили.

Ова херојско жртвување на Спартанците и Теспијците ги восхитувало луѓето низ вековите и сеуште служи како пример за многу храбри потфати.

{youtube}wZm52UrkDpA{/youtube}

 

Нешто повеќе околу битката

 

- Реклама -