Нарцис – парадокс на љубовта. Кои се современите Нарциси?

Уште од од кога настанал митот па до ден денес во технолошките искри на 21 век, поимот нарцисизам е близок до човекот. Напоредно со истрајноста на оваа човеквоа особина низ вековите и цивилизациските промени, опстојува и актуелната тема за нарцисоидност и природата на љубовта кај оние што ја чувствуаат (или кој што се способни да ја чувстуваат).

Гревот на Нарцис

Според познатиот мит на Овид, Нарцис бил млад човек кој што бил фациниран од самиот себе. Тој талкал низ светот барајќи љубов и некој со кој би ја поделил, но и покрај тоа тој ја одбил шумската нимфа Ехо која заљубено му се приближила.

Подоцна, кога се приближил до реката како би можел да се напие вода, Нарцис го видел сопствениот лик во водата и во истиот момент се заљубил во него. Дури пробал и да го бакне но, плашејки се да не се изгуби тој стоел на него, занемарувајќи ја својата жед. Се до оној момент кога тој паднал и се удавил. Тоа било казна која што боговите му ја пратиле.

Нарцис умрел од жед и самољубие, и никогаш не ја достигнал љубовта која што ја барал.

Се исполнило пророштвото на Тиресиј, слепиот пророк кој што на денот на раѓањето на Нарцис претскажал: живееше и беше среќен се додека не го здогледа, сопствениот лик.

Овој мит пушта длабоки корени како во филозофијата така во и психолгијата низ целата историја. И послужи како основа за портретирање на еден тип на човечка каратеристика. Нарцис стана секоја личност која кон себе чувствува преголема љубов.

Од таму потекнува и прашањето: Дали гревот на Нарцис била таквата љубов или неможноста да се почуствува љубов подеднакво силна и кон друга личност?

Современи Нарциси

Психолозите кои го проучувале овој вид личност, ја дефинирале нарцисоидната личност како – оној чии интереси, љубов и приоритети постојат единствено за да ги задоволат сопствените потреби, и оној што ги разгледува туѓите потреби, чувства и ставови, помалку важни, па дури и помалку реални.

Со градење на имагинарен ѕид околу себе, нарцисоидната личност живее во реалност прилагодена на сопствените верувања, започнувајќи со тоа што тој е центар и јадро на светот како внатре  така  и надвор од тој ѕид.

Ова е местото каде се појавува нејзиниот основен парадокс: нарцисоидната личност бара почит, поддршка, внимание и љубов, верувајќи во сопствената важност, но не може да дава и чувствува нешто кон другите личности.

Без разлика дали анализата на личноста се заснова на разговорот, однесувањето и дејствувањето на нарцисоидна личност или направената количина селфи, модерната психологија прави разлика помеѓу два вида нарцисоидни личности – ранливи и грандиозни нарциси.

Ранливи и грандиозни нарциси

Ранливите нарциси го развиваат и одржуваат љубовта кон самите себе си како би можеле да ја прикријата својата несигурност и да ја надоместат количината љубов и внимание од кое што биле скратени од нивните родители додека растеле. Нивните потреби се темелат на желбата да бидат прифатени и ценети, а фокусот на нивното внимание прерснува во страв од отфрленост.

Од друга страна, грандиозните нарцисти имаат многу повисоко мислење за себе затоа што тие цврсто веруваат дека навистина се супериорни, подобри и позначајни од сите. И во овој вид, психолозите го земаат детството и воспитувањето како основа, но од различен вид отколку во нарцисоидниот ранлив вид. Грандиозните нарциси стануваат оние луѓе кои уште додека биле мали  ги ставаат на пиедестал и им ја наметнуват идејата дека се подобри од другите деца.

Двата типа имаат заедничко нешто – недостаток на емпатија. Како Нарцис, кој заради неговиот одраз во водата, кој се смееше, плачеше и страдаше со него, мислеше дека нашол душа, љубов и утеха, за нарцисоидните личности највисок идеал станува нивното ЈАС.

Значи, останува прашањето: дали Нарцис се за вљубил во неговиот вистински одраз или само во ликот кој што сакал да го види?

Природата на љубовта на Нарцис

Општо е прифатено дека љубовта е нешто суптилно, слободно, незагадено и алтруистично. Нарцис сигурно почуствувал некаков вид на љубов, само што таа љубов била насочена кон една личност- кон самиот себе. Тоа е можеби слободно протолкувана дефиниција.

Како и другите човечки карактеристики, емпатијата се учи и е исто толку достапна за нарцисоидната личност како и за секоја друга личност.

Гревот на Нарцис не беше самољубието, туку недостаток на желба да го видат сопствениот нарцизам и желбата за промена. Затоа, неговата казна беше свој парадокс: да бара љубов и разбирање и никогаш да не ги најде.

Ниту нимфата Ехо, ниту некој друг човек не можел да му ја даде љубовта што ја барал – барем не онолку колку што можел  неговиот одраз.

Ако некој му кажел на Нарцис дека светот е многу поголем од неговите верувања, дека има подобри нарциси  од него, или дека боговите чувствувале емпатија при изборот на казната на Нарцис, дали нешто ќе се променело? Веројатно не. Ова сугерира опис на природата на нарцистичката личност.

Останавме да се прашуваме дали Нарцис навистина бил виновен за својата судбина, за имиџот на самиот себе и за верувањето врз кои го изградил својот свет, или дали светот го изградил Нарцис.

Во спротивно, смислата на симболиката би го изгубила значењето на зборот Нрцис и цветот кој што го добил името по него. Зборот нарцис доаѓа од  грчкиот збор Narkissos кој што означува оној што ја ублажува болката и страданието.

- Реклама -