336 активни случаи на Ковид-19 во Чаир, над 120 во Гази Баба, Аеродром и Центар

По денешните 182 новодијагностицирани случаи на Ковид-19, бројот на активни случаи (ака. болест во тек) на ниво на државата е 2612.

Повеќе од половина од нив (57.7%) се во главниот град Скопје, каде се регистрирани 1507 активни случаи на Ковид-19. Втор град со најголем број тековно заболени е Тетово, со 297. Зад Тетово се Куманово – со 219 и Штип – со 205. Сите други градови имаат помалку од 100 активни случаи.

Во Скопје, заклучно со вчерашните бројки, Чаир сѐ уште има речиси тројно повеќе од другите општини – со 335 активни случаи. Зад Чаир се Гази Баба – со 128, Аеродром – со 125 и Центар – со 121 активни случаи на Ковид-19.

Близу границата од 120 е и Бутел – со 118, а над 100 активни случаи имаат и Сарај – 105 и Карпош – 103. Целосната листа изгледа вака (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 336
• Гази Баба – 128
• Аеродром – 125
• Центар – 121
• Бутел – 118
• Сарај – 105
• Карпош – 103
• Кисела Вода – 80
• Студеничани – 71
• Ѓорче Петров – 62
• Шуто Оризари – 51
• Арачиново – 38
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Сопиште – 12
• Чучер Сандево – 8
• Зелениково- 1
• Странец – 3
• Нераспределен-4

- Реклама -