„360степени“: Жестоките критики го „избркале“ Макрон од состанокот во Брисел

На денешното продолжение на состанокот на лидерите на земјите членки повторно се зборувало за темата на европроширувањето, и тоа прежестоко за францускиот претседател Макрон да може да ја издржи дискусијата.

Како што објави „360степени“ повикувајќи се на сведоштво на дипломатски извор, повеќе премиери на земјите членки лично и силно го критикувале Макрон поради блокирање на отворањето на преговори со Северна Македонија, обвинувајќи го дека „не ги согледува последиците од неиспорачувањето позитивен сигнал до земјите од Западен Балкан“. Макрон се налутил и ја напуштил пленарната сала во зградата „Европа“ во Брисел, вели изворот. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -