Заштитен знак на Атина е – „градот на ридот“ – тој е еден од најубавите и најпосетуваните антички градби во светот. Но, како изгледал Акропол пред многу векови?
Брдото на кој што се наоѓа Акропол било населено уште во 4-от милениум п.н.е, но во времето на Перикле поточно во петиот век п.н.е. го добива својот претпознатлив лик кога се изградени најразличните градби од кои најголема слава носи Партенон – симбол на совршена пропорција и идеал за античка убавина, пишува Newsweek.
Раните доселеници најчесто бирале ридести места за живеење со цел да имаат подобра одбрана, а како доказ се големите градови кои се наоѓаат во подножјето на ридовите.
Од времето на Перикле и во текокт на целиот антички период и средниот век Акропол претрпел многу бројни грабежи и унишувања. Многу освојувачи ги носеле со себе или ги уништувале древните споменици, а најголема штета нанеле Османлиите, кои што Партенон го претвориле во оружарница и Британската империја чии што „археолози“ ги одзеле најврените споменици и ги однеле во Велика Британија.
Сега, со помош на 3D компјутерска технологија, тим архитекти, дизајнери, историчари и археолози го реконструираа центарот на античка Атина како што изгледал во „златното доба“.