4 начини на кои компаниите ве крадат!

Кражба Компаниите секогаш се трудат да ви создадат впечаток дека плаќате фер за сите услуги кои ги користите, но од друга страна, ќе ја искористат секоја шанса да ве украдат колку што можат повеќе. Проверете како.


Компаниите секогаш се трудат да ви создадат впечаток дека плаќате фер за сите услуги кои ги користите, но од друга страна, ќе ја искористат секоја шанса да ве украдат колку што можат повеќе. Проверете како.

Кражба4. Кабелски услуги

Кабелските телевзии ви продаваат еден основен пакет услуги, а потем се обидуваат да ве навлечат да побарате и дополнителни, како на пр.: спортски пакет, пакет со ексклузивни филмови, пакет за возрасни итн. Немојте! На крајот ќе завршите со 150 канали, од кои најголемиот дел никогаш нема ни да ги погледнете, а сметката ќе ви е двојно поглема. Сите нешта што ви се потребни ги има и на основните пакети, а доколку ги нема, секогаш можете помош да побарате од интернетот.

3. Продолжени гаранции

Обично, производителите даваат доволно долги гаранции за она што го продаваат. Шансите нешто да тргне наопаку се најголеми во тој период. Ако сте толку параноични и мислите дека она што сте го купиле ќе се расипе по тој период – штедете. Оставете ги на страна парите што би ги платиле за продолжена гаранција. Поправката ќе ве чини отприлика исто или дури и помалку. А, ако ништо не се расипе – за што шансите се далеку поголеми, ќе останете со некој денар повеќе в џеб. Добра зделка, нели?

2. Направи за домашно вежбање

Во денешно време, голем е процентот на луѓето што се борат против вишокот килограми. Компаниите знаат тоа да го искористат и затоа прават еден куп реклами за (најчесто) идиотски направи за вежбање во домот. Истите се продаваат со ветувања како: „Слабејте спиејќи“, „Губете килограми додека јадете торта“ или пак „Само 4 минути и 12 секунди вежбање во 4 месеци ќе ви дадат фигура каква што отсекогаш сте посакувале“. Сите овие бајки не се ништо повеќе од бајки. Престанете да гледате реклами и ако килограмите навистина ви пречат, сменете го начинот на исхрана и започнете со редовно вежбање. Навистина не постои поинаков начин.

1. Такса за користење банкомати

Потребно ви е да извадите пари од банкомат, но не гледате таков од вашата банка. Одите кај некој друг и оттаму подигате пари. Банката која не е ваша ќе ви наплати за користењето на нивната мрежа, а вашата банка ќе ве казни затоа што сте користеле туѓ банкомат. Кога ќе соберете сè, убаво ве украле за неколку притискања на копчињата. Затоа, за да заштедите, користете ја оваа опција само кога се работи за итен случај. Во спротивно, пропешачете 200 метри и пронајдете го виситнскиот банкомат. На долги патеки, ова е далеку поевтината опција.

- Реклама -