4 најрасистички анимирани ликови од Дизни (видеа)

Себастијан Волт Дизни бил познат антисемитист, расист, а непосредно пред почетокот на Втората светска војна и отворен поддржувач на Адолф Хитлер. Затоа, воопшто не е чудно што расизмот има длабоки корени во неговите производи – анимираните филмови. Следи листата на четирите најрасистички ликови од продукцијата на Дизни.


Волт Дизни бил познат антисемитист, расист, а непосредно пред почетокот на Втората светска војна и отворен поддржувач на Адолф Хитлер. Затоа, воопшто не е чудно што расизмот има длабоки корени во неговите производи – анимираните филмови. Следи листата на четирите најрасистички ликови од продукцијата на Дизни.

Аладин и Џафар4. Аладин

Во песната од најавната шпица на ултрапопуларниот цртан филм од 1992 година, имало еден стих кој бил сменет веднаш по излегувањето, поради острите протести од заедницата на американските Арапи. Стихот е: „Каде што ти го отсекуваат увото, ако не им се допаѓа твоето лице“. Нештата немаше да бидат толку страшни, ако не постоеше оној другиот, далеку порасистички елемент. Погледнете ја сликата од Аладин. Се наоѓа во Багдад, во град во кој населението е Арапско и сите имаат нагласени карактеристики на нивното семитско потекло, а тој е бел како Снежана да му е сестра. Само споредете го со негативецот – Џафар и нештата ќе ви станат јасни.

{youtube}hPUAhSGZtvU{/youtube}

Себастиан3. Себастиан (од „Малата сирена“)

Имаме приказна во која ракче кое зборува со изразит јамајкански акцент, ни кажува дека животот е подобар под морето, зашто таму никој ништо не работи. „На брегот работат по цел ден / под сонцето робуваат / додека се посветуваме / постојано на лебдење / под морето“. И тоа не е најлошиот дел. Посветете внимание на видеото од песната. Поточно на 2:20 кога излегува војводата на солот и на 2:25 кога излегува рибата Црнец. Суптилно?!

{youtube}jgA2xo0HYrE{/youtube}

Индијанец2. Индијанецот (од „Петар Пан“)

На Петар Пан и дружината, низ песна, во Дизни стил, им се објаснува зошто Индијацот (или „црвениот човек“) е црвен. Имено, одамна, некој Индијанец бакнал девојка и во тој процес поцрвенел од срам. Оттогаш, нивната боја е црвена. Имплицитно, овде се кажува зошто домородците во Америка веќе ја немаат „нормалната“ бела боја на кожата?!

{youtube}Y_at9dOElQk{/youtube}

Чичко Реми1. Чичко Реми (од „Песна од југот“)

Мора да ја чуете песната која ја пее чичко Реми (игран од Џејмс Баскет). Тој е среќен што работи на плантажа, на југот од Америка, веднаш по граѓанската војна. Ова е подеднакво глупаво како некој да направи филм за Евреите во Германија по Втората светска војна и тие да пеат од среќа што можат да живеат во гето! Но, тоа и не е најлошото нешто. На премиерата на овој филм, во 1946 година, во Атланта, Џорџија, на Баскет не му било дозволено да присуствува заради бојата на неговата кожа.

{youtube}47ak4vjiNzw{/youtube}
- Реклама -