4 намирници кои прават чуда за вашата линија

За витката фигура не е доволно само здраво да се храните, туку е неопходно и да се занимавате со некаков вид на спортување. Секоја физичка активност е добредојдена, а во комбинација со правилна исхрана секако ќе ви ги донесе саканите резултати. Но, некои намирници навистина можат да ви помогнат побрзо да ги изгубите килограмите.

Лосос

Редовното конзумирање на лосос помага брзо да се ослободите од несаканите наслаги на струкот. Лососот го активира хормонот на штитните жлезди за побрз метаболизам, додека омега 3 масните киселини помагаат во разрeдувањето на масните наслаги.

Кокосово масло

Тоа е богато со триглицериди, кои нашето тело ги користи за енергија, што допринесува вишокот кој го внесуваме да не се претвори во масни наслаги.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

cinnamon

Цимет

На многумина омилениот зачин, е богат со растителни влакна, а му помага на нашето тело на најдобар начин да го искористи инсулинот. Доколку сакате да ја намалите килажата, користете го циметот како додаток во јадењето, и отприлика секој ден внесувајте по околу четвртина лажичка од овој зачин.

Кафе

Кафето го поттикнува лачењето на адреналин, со што на телото му се испраќа порака да ги согори масните наслаги. Доколку испиете кафе 20 минути пред вежбањето, тоа ќе делува како стимуланс кој ќе овозможи да тренирате поинтензивно. Сепак, со кафето не смее да се претерува, а доколку сакате да го намалите вишокот килограми, избегнувајте да го пиете со млеко и шеќер.

- Реклама -