4 тајни кои вашата коса ги открива за здравјето

Косата не е, како што повеќето сметаат, одвоен дел од човечкото тело. Исто како и ноктите, таа е продолжеток на организмот кој открива доста за нашето здравје. Дознајте што ви „кажуваат“ влакната и чешелот.

Губиток на сјајот на косата

15456_10_630x0

Доколку вашата густа коса стана тенка и сува, размислете што сте и направиле во последно време. Дали долго сте биле во вода со премногу хлор, сте се бојадисувале или сте ја избелувале косата со бланш?

Овие работи можат да предизвикаат губиток на сјајот, а безживотната коса укажува на лошо функционирање на штитната жлезда, забавен метаболизам и недоволно производство на хормони и хипотиреоидизам.

Првут

Во повеќето случаи првутот се лечи со шампон, но доколку ви се појават лушпи кои наликуваат на ситни красти во тој случај може и да боледувате од псоријаза.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Опаѓање на косата

10172_shutterstock_54562087_630x0

Во просек дневно губиме околу 100 влакна, што е потполно нормално. Но, доколку на чешелот оставите цел сноп влакна или дури и прамени, време е да превземете нешто.

Најчесто се појавува како последица на акутен стрес, но може и да укажува на лошата работа на штитната жлезда или полицистични јајници.

„Расцветани“ влакна

Доколку вашата исхрана е лоша, не е богата со витамини, вашата коса ќе ги сноси последиците и ќе биде лесно кршлива. Ова е уште еден знак дека имате проблеми со јајниците и хормоните, па за секој случај консултирајте се со вашиот доктор.

- Реклама -