Дури и доколку со некоја диета сте успеале да ја постигнете целта, постојат бројни прехранбени производи кои можат да ве уназадат многу чекори: летна скара, сладоледи, алкохолни коктели, слатки… Затоа, постојат и некои видови храна кои значително ќе ви помогнат да стигнете до (или да задржите) рамен стомак, во оние месеци кога најмногу се шетате без маица.
Дури и доколку со некоја диета сте успеале да ја постигнете целта,
постојат бројни прехранбени производи кои можат да ве уназадат многу
чекори: летна скара, сладоледи, алкохолни коктели, слатки… Затоа,
постојат и некои видови храна кои значително ќе ви помогнат да стигнете
до (или да задржите) рамен стомак, во оние месеци кога најмногу се
шетате без маица.
4. Авокадо
Содржи:
– 322 калории;
– 29 грама масти (4 грама заситени, 20 грама монозаситени);
– 13 грама растителни влакна;
– 4 грама протеини.
Иако авокадото е полно со масти, тоа е полно со корисни масти (монозаситените масти кои се среќаваат и во маслиново масло и кои се директно врзани со намалувањето на холестеролот). Истражувањата покажаа оти диетите со вистинските видови масти се долгорочно далеку поефективни отколку диетите во кои сосема се избегнуваат мастите. Затоа, не го избегнувајте ова медитеранско овошје.
3. Јајца
Едно покрупно мешано јајце содржи:
– 102 калории;
– 7 грама масти (2 грама заситени);
– 7 грама протеини.
Луѓето кои својата исхрана ја базираат на храна богата со протеини, дневно трошат 71 калорија повеќе отколку останатите, не правејќи ништо. Тоа се отприлика 3 и пол килограми годишно. Па, ако имате проблем со тежината, еден од првите чекори е да го забзате метаболизмот.
2. Грејпфрут
Содржи:
– 104 калории;
– 4 грама растителни влакна;
– 2 грама протеини.
Грејпфрутот е одличен додаток за исхраната. Лимонската киселина го забавува варењето, што значи на хранта ќе ѝ биде потребно повеќе време да мине низ системот, што пак ќе ви даде чувство на заситеност подолго време. Дополнително, високите количини витамин C помагаат во намалувањето на холестеролот, како и смалувањето на ризикот од срцеви болести, мозочен удар и некои видови рак.
1. Зелен чај
Содржи:
– 0 калории.
Најважната состојка на зелениот чај се моќните антиоксиданси кои значително го забрзуваат метаболизмот. Истражувањата покажале дека конзумирањето на минимум 690 милилитри зелен чај дневно доведува до намалување на телесната тежина и обемот на струкот. Затоа, не дозволувајте да ви продаваат магични чаеви за слабеење. Клучните состојки се содржат во секој зелен чај. Важна е само редовната конзумација. На здравје!