4 вистински острови кои се далеку пострашни од островот во „Изгубени“

Остров Веројатно сметате оти остров на кој не важат сите закони на физиката, постојат чудовишта од чад; каде што е возможно патување низ времето; каде што никогаш не знаете што да очекувате; е страшен остров. Но, постојат острови во реалноста кои се далеку пострашни од Островот.


Веројатно сметате оти остров на кој не важат сите закони на физиката,
постојат чудовишта од чад; каде што е возможно патување низ времето;
каде што никогаш не знаете што да очекувате; е страшен остров. Но,
постојат острови во реалноста кои се далеку пострашни од Островот:

4. Островот на змиите

Островот на змиитеОвој остров се наоѓа во Атлантскиот Океан, близу до брегот на Бразил. На него живее еден од најотровните видови змии во светот – Златно Копје. Во текот на историјата се забележани неколку инциденти во кои рибари и случајни посетители на овој остров загинале на брутален начин од премногу каснувања од змиите кои буквално го имаат преплавено овој остров.


3. Рамри

РамриВо 1945 година, 900 јапонски војници, во маневар од Втората светска војна, се истовариле на островот Рамри, близу Бурма. Веднаш по нив, доаѓале сојузниците. Сè што требало да сторат за да се спасат и да се соединат со остатокот од нивната армија било да стигнат до другата страна на островот. Она што се наоѓало на средината било едно огромно мочуриште. Одлучиле да ризикуваат. 500 од нив никогаш не излегле оттаму. Она што војниците не го знаеле е оти покрај маларичните комарци и смртоносните шкорпии, на Рамри живеат и соленоводните крокодили… А, некој праша зошто би ни била потребна географијата во животот?

2. Островите Изу

Островите ИзуПостои еден архипелаг од неколку острови наречени Изу. Се наоѓа во земјата Јапонија. Изгледа како местото од вашите соништа. Зошто е страшно? Сте го забележале она чудо што го дишете и го нарекувате воздух? Знаете дека клучната состојка на тоа чудо е кислородот, а многу сте благодарни што постои и недостаток од сулфур. Но, на Изу, тоа не е баш така. По една огромна ерупција на тамошниот вулкан, истиот тој постојано исфрла огромни количини сулфур. Просторот над рајските острови е смртоносно отровен. Но, добро е, си велите, и онака никој не живее таму. Грешка! Речиси целата популација која била таму пред ерупцијата, сè уште живее таму. Дури имаат и служба која го следи нивото на сулфурот и им дава знак со сирена за воздушен напад, за да ги стават своите гас маски. Кој би можел да посака поинаков живот?

1. Големиот остров од Ѓубре

Големиот остров од ЃубреСте ја гледале ли епизодата од „Футурама“ во која го прибираат сето ѓубре од планетава и го лансираат во вселената со ракета? Е па, овде се работи за истиот принцип, со таа разлика што наместо вселената се работи за Пацификот и не е смешно, затоа што се случува во вистинскиот живот. Секогаш кога Америка или Кина ќе пуштат поглема количина ѓубре во океанот, тоа бидува разнесено од морските струи. Со тек на време, сето ѓубре (најголем дел пластика) се насобрало на едно место кое денес се вика Севернопацифички Вртлог. Моментално, купчето е со големина на Тексас, а просторот прекриен со тенок слој пластика е речиси колку територијата на Америка. Ќе речете оти и не е така страшно? Е па е! Иако пластиката не се разградува, со текот на времето се распаѓа на поситни и поситни парчиња. Потоа, делови од неа отпловуваат и остануваат на површината од океанот, зашто пластиката е полесна од водата. Рибите, кои не се многу паметни, ја мешаат пластиката со планктонот и ја јадат. Затоа, размислете следниот пат кога ќе јадете морска риба, што всушност конзумирате. А, да, патем, околу овој остров, зголемена е и фрекфенцијата на ајкули.

- Реклама -