4 животни кои уживаат во психотропните супстанци повеќе од нас (видеа)

Мајмун Речиси сите го сакаат дејството на психотропните супстанци (без разлика дали се работи за никотин, алкохол или тешки дроги) и тука нема ништо чудно. Но, сигурно не знаевте дека постојат животни кои ги сакаат далеку повеќе од нас. Следи топ 4 листата на животни кои се поголеми злоупотребувачи на супстанци од луѓето.


Речиси сите го сакаат дејството на психотропните супстанци (без разлика дали се работи за никотин, алкохол или тешки дроги) и тука нема ништо чудно. Но, сигурно не знаевте дека постојат животни кои ги сакаат далеку повеќе од нас. Следи топ 4 листата на животни кои се поголеми злоупотребувачи на супстанци од луѓето.

4. Слоновите се злобни пијаници

Слоновите обожуваат да се опијанат. Нивната огромна интелигенција им овозможила да сфатат дека каде што има луѓе, таму има и алкохол. Така, во Индија, во октомври 2007, шест слонови влетале во едно село, ги пронашле залихите на пиво, се опијаниле, нападнале електричен столб и умреле од ужасна смет. Во 2002, одред од алкохолизирани слонови беснеел во друго село, убивајќи 6 луѓе.

{youtube}EyWd7ozjwbA{/youtube}


3. Големорогастите овци лижат психотропни лишаи

Големорогасти овциНа канадскиот дел од Карпестите Планини расте уникатен ендемски вид на жолто-црвени лишаи кои имаат наркотично дејство. Лишаите се екстремно ретки и растат на ужасно непристапни места, но овие овци неретко го ризикуваат животот за да дојдат до нив. Откако убаво ќе ги изгребат од каменот, застануваат и уживаат. Изгледа животните и не се толку различни од луѓето.

2. Пијани пчели?

Пчелите се уште еден животински вид кој е познат по алкохолизмот. Не можат да му одолеат на шеќерниот сируп кој потоа ферментира во нивниот стомак, по што следи… погледнете!

{youtube}sKNecnrxgdA{/youtube}

Капучин стонира
1. Капучин мајмуните стонираат

Капучин мајмуните научиле да го ползуваат халуциногениот ефект кој го предизвикува одбранбениот секрет на одредени видови стоногалка. Мајмунчињата ги задеваат стоногалките додека не ги испрскаат по целото тело, по што легнуваат да уживаат. Лошата вест е што секретот во себе содржи и цијанид, што е прилично отровен за сите животински видови. Но, кога опасноста по здравјето запрела некој наркоман? 

- Реклама -