43 то издание на Скопски Џез Фестивал – најдоброто од светот на џезот

Четириесет и третото издание на Скопски џез фестивал и годинава го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ. Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, инспиративна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

Фестивалот го отвори специјалниот настап на денес најдобрата и најпопуларна американска џез пејачка, Сесил Меклорин Салвант, добитничка на три Греми статуетки, шест номинации за Греми и бројни други значајни награди за најдобар џез вокал. Салаван се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина.

-Ова издание на Скопје Џез Фестивал е посебно по тоа што има многу екслузивни концерти. Значи програмата е прилично ексклузивна. Најголемиот дел од артиститите доаѓаат во регионот само за концертот на Скопскиот Џез Фестивал и се враќаат дома. Има многу Америкаци, меѓу кои Давид Вирејес, кој е пијанист од Њујорк и кој што доаѓа само за еден единствен концерт во Европа и се враќа во Њујорк – вели за Трн Костадин Шурбановски – Шурбе, од Скопски Џез Фестивал.

Дел од фестивалот е и таканаречената Програма плус, во склоп на која минатата сабота беше промовиранo новото (52) CD-издание на SJF Records, албумот „Ruh“ на Next to Silence. Во четвртокот се отвори изложбата „Radical Chimeras” на познатиот композитор, трубач, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена Роб Мазурек и беше прикажан документарниот филм Miles Davis: Birth of the Cool. Во рамките на фестивалот се додели и традиционалната Награда за најдобар џез-музичар во 2024 година, а во саботата беше организирана и Џез работилница за деца „Jazz for Kids”. Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со UNHCR, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен повик за емпатија и поддршка на неправедно и насилно раселените, обездомените.

-Придружната програма која ние ја нарекуваме Програма плус, е мошне важна затоа што таа ја следи онаа нишка која што ја востановивме пред неколку години и која што содржи во себе неколку активности меѓу кои прикажуање на еден ексклузивен документарен филм за Мајлс Дејвис Birth of the Cool, имаме изложба на Роб Мазурек кој што се вика „Radical Chimeras” или Радикални Химери која што ќе го прикаже и визуелното творештво на овој голем американски уметник, не само  трубач, комопзитор туку и визуелен уметник. Имаме и работилница за деца „Jazz for Kids”, имаме и промоција на едно копмакт диск издание на македонската група  Next to Silence, која воедно и ќе настапи на Скопскиот џез фестивал во четврток на отварањето во МКЦ. Ја доделуивме и награда која што се вика најдобар македонски џез музичар, некогаш млад а сега веќе го исфрливме тоа млад од наградата и ќе додекуваме награди само на најдобрите музичари, не мора да се млади – вели Шурбе.

Фестивалот кој што се одржува веќе 43 та година по ред, успеа да создаде своја верна публика. Она што уште повеќе ги радува организаторите е што во меѓувреме се фестивалот се интернационализираше, не само програмски туку и во однос на публиката. Годинава, вели Шурбе има најави за гости и посетители од Норвешка, од Словенија, од Хрватска, од Грција, од Аланија, Косово, Србија…

Скопскиот џез фестивал е водечка културна манифестација, со извонредна репутација во Европа и светот. Со избор на авангардни и квалитетни имиња на изведувачи секоја година носи нова енергија во градот.

- Реклама -