5 караници што секој пар едноставно мора да ги има

Можеби сте вљубени до уши, но тоа не значи дека нема да се карате. Двојките колку и да се сакаат понекогаш се караат, а ова се кавгите кои ни најсовршениот пар нема да ги избегне.

1. Јас сум виновен, но викам на тебе!

Понекогаш е полесно вината да ја префрлите на некој друг, па сосема е вообичаено да и се дерете на личноста која не е ни виновна, ни должна. Овие кавги се сосема нормални, а проблем настанува кога тој што е виновен одбива да ја признае вината.

CoupleFight

2. Зошто си на мобилен?

Во кревет, на состанок, на ручек…Мобилниот е совршено средство за убивање на досадата, но и за почеток на расправија.

3. Кое по ред ти е ова пиво?

couple_fighting

Полошо од маж кој премногу пие е жена која му брои колку испил. Не велиме дека таа не е во право затоа што сака тој помалку да пие, но ова е совршен начин да се почне расправија.

4. Колку плати за тоа?

Како што на жените им е чудно дека мажите пијат многу, така на мажите им е чудно кога жените премногу трошат на облека и чевли. Најдобро е да премолчите колку сте платиле за нешто, затоа што ако признаете, отварате простор за кавга.

254451_1289493022970_o

5. Кој ти е тоа?

Само затоа што понекогаш се слушаме со некој со кој не сме во врска, не значи дека сме неверни. Но тоа им делува така на несигурните луѓе, па кавгата за тоа зошто со некој се слушаме толку често е иритантна.

- Реклама -