Ништо не ја одржува љубовта во живот како постојаното обновување на насмевките. Следат 5 совети за девојките како најлесно да измамат насмевка од нивните мажи.
Ништо не ја одржува љубовта во живот како постојаното обновување на насмевките. Следат 5 совети за девојките како најлесно да измамат насмевка од нивните мажи:
1. Допрете го на раката. Постојат повеќе начини на кои девојката може некому суптилно да му соопшти дека ѝ се допаѓа, како контакт со очите, играње со косата; но она што секогаш ќе го изненади и ќе го натера да се насмее доколку таа го допре на раката за време на разговорот.
2. Изненадете го со SMS. Ништо не ја крши монотонијата на работниот ден како неочекувана порака од некоја посебна личност, во неочкекувано време од денот.
3. Поставете му прашање од област која му лежи. Како пауните, така и мажите сакаат да се покажат и докажат пред своите партнерки. И речиси ништо не може да се спореди со масирањето на егото на еден маж. Прашајте го за карактеристиките на новата графичка картичка, кој победил на светското првенство во фудбал во 1950 или колку коњски сили има Бугати Вејрон (според она што го интересира). Само не заборавајте, додека слушате, смешкајте се, кимајте со главата и преправајте се дека сте заинтересирани.
4. Дајте му специфичен комплимент. Кога на маж ќе му кажете дека има смисла за хумор, дека е згоден или има убава насмевка, секако, тоа ќе е ефектно. Но, специфичните комплименти многу подобро ја погаѓаат целта, зашто покажуваат колку добро го познавате. Обидете се со нешто од типот „го сакам изразот на лицето што го правиш кога заглавуваш со решавањето на крстозборите“ или „ги имаш најмажествените листови што ги имам видено“. Успехот е загарантиран.
5. Дајте му да го прочита вашиот дневник од времето кога сте се запознале (или напишете нешто во моментов!). Една од убавините на врските е потсетување на времето на запознавање и мислите кои сте ги имале еден за друг на почетокот – сите сомнежи, сите надежи, сите стравови.