5 начини да се заштитите од отпуштање

Работа Рецесијата на светско ниво предизвика бран отпуштања од речиси сите компании. Но, не стравувајте за вашето работно место. Следете ги овие 5 совети и осигурите се оти ќе станете незаменливи во вашата компанија.


Рецесијата на светско ниво предизвика бран отпуштања од речиси сите компании. Но, не стравувајте за вашето работно место. Следете ги овие 5 совети и осигурите се оти ќе станете незаменливи во вашата компанија.

Работа1. Заштедете ги парите на вашата компанија

Предложете идеја како вашата компанија да заштеди пари. Не е важно дали тоа е некоја ситна идеја од типот на преминување на поевтина хартија за да се заштедат трошоците за копирање. Она што е важно е дека така на менаџментот ќе му покажете дека се грижите за целата организација. Дури и ако не ви ја прифатат идејата, ќе ве почитуваат, зашто ќе знаат дека размислувате за доброто на сите.

2. Бидете позитивни

Никој никогаш не сакал да работи со негативни луѓе. Особено не сега кога на сите им е тешко. Фокусирајте се на позитивните нешта, пренесувајте ги убавите вести (кога ги има), шегувајте се, смејте се. Запомнете, нештата не се толку лоши – за разлика од многумина, вие сè уште имате работа!

3. Работете подолго

Никој не вели да останувате на работа до полноќ, но секогаш бидете подготвени да останете малку подолго на работа, за да си ја завршите задачата. Порано, секогаш си заминувавте точно во 5, дури и ако останало уште малку до завршувањето на она што сте го работеле. Но, сега, жртвувајте половина час, па дури и еден час и комплетирајте ја задачата. Размислете и за доаѓање 15 минути порано, за да се организирате пред почетокот на работното време. Не сакате да бидете оној што се мачи да го вклучи лап-топот точно во 9, кога состанокот веќе започнува.

4. Бидете лидер!

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Не мора да имате позиција во менаџментот за да бидете лидер. Да се биде лидер, значи да им се помага на колегите, да се искажуваат ставовите и да се има предвид доброто на целата компанија, а не само вашето работно место. Компаниите, сега повеќе од кога било порано имаат потреба од лидери. Ако во себе имате такви квалитети, сега е времето да им дозволите да испливаат на површина.

5. Не озборувајте!

Озборувањето во канцеларија е забавно, но и прилично опасно. Вестите се шират брзо, па така, ако сте чуле нешто, големи се шансите и вашиот шеф да го чул тоа. А ако и вие сте имале уддел во ширењето на „веста“, тогаш тој веројатно ќе го дознае и тоа. Бидете сигурни дека никој не сака озборувачи. Озборувањето е контрапродуктивно и многу поопасно одошто мислите… особено за вашето работно место.

- Реклама -