5 начини за полесно преживување на раскинувањата

Раскинување Секому му е тешко откако ќе заврши нешто што било добро, т.е. откако некој ќе му го скрши срцето. Но, за нештата да не станат уште потешки, треба да ги следите едноставните правила кои ќе ви го направат преболувањето полесно. Еве ги најважните 5.

Секому му е тешко откако ќе заврши нешто што било добро, т.е. откако некој ќе му го скрши срцето. Но, за нештата да не станат уште потешки, треба да ги следите едноставните правила кои ќе ви го направат преболувањето полесно. Еве ги најважните 5:

Раскинување1. Отстранете го поранешниот партнер од животот. Веднаш по раскинувањето, отстранете ги сите нешта што ве потсетуваат на поранешниот партнер. Тоа значи и тотално престанување со контактот, без смс, без e-mail пораки во очај, во 4 часот наутро, без поминување со кола крај нејзината / неговата зграда / куќа за да видите дали некој е дома. Најважното нешто е тотално отсекување на сите нешта врзани со него / неа. Доколку морате да останете во контакт (ако имате деца, водите заеднички бизнис и сл.) веднаш воспоставете нови правила на однесување и граници. Ни случајно не се обидувајте да си помогнете еден со друг, туку наместо тоа, потпрете се на поддршката од вашите пријатели.

2. Најдете си екипа за жалење.
Внимателно одбирајте ги пријателите во екипата за жалење. Тие треба да се достапни, трпеливи искрено да ве поддржуваат. Екипата треба да ви обезбеди: рамо за плачење, глас на разумот, контрола (доколку добиете луда идеја да контактирате со оно што не треба) и да ви понудат светла страна на нештата.

3. Простете си себеси.
Сите, а особено жените, се особено сурови кон себеси по раскинувањето. Преовладуваат мисли кои започнуваат со речениците: А што ако…; Можев и да…; Можеби нештата ќе беа поинакви доколку… итн. Мора да се помирите со фактот дека понекогаш, едноставно нештата се случуваат и се надвор од ваша контрола. Не се заморувајте со прашањата за вина, зашто голема е веројатноста таа да не лежи кај вас. Простете си за полесно да продолжите натаму.

4. Фокусирајте се на нешто друго.
По раскинувањето дајте си малку време за жалење, но не станувајте опседнати со тоа. Фокусирајте се на нешто друго. Најдобро е да се посветите на работата, нешто што ќе ви помогне да си создадете посветла иднина, зашто гледањето кон иднината ќе ви овозможи далеку полесно заборавање на минатото.

5. Редефинирајте ја реченицата: „… и среќно си живееја“.
Иако иднината што сте ја замислиле со поранешниот партнер веќе ја нема, сега сте слободни да ги направите нештата што отсекогаш сте сакале да ги сторите. Можете да смените работно место, да се вратите на факултет, да работите на својот изглед, што и да посакате. „… и среќно си живееја“ не исчезнала заедно со поранешниот партнер, зашто вие сте сè уште вие. Сè што ви треба е само редефинирање на поимите.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -