5 најконтроверзни видео игри

Резидент Ивл Како и со сите останати форми на забавa, така и со игрите, од време на време се појавуваат проблеми кога истите ќе почнат да се косат со лажните морални норми на мнозинството. Некои од игрите дури добиваат забрана за издавање зашто биле: „Навредливи“. Следи листата на најконтроверзните 5 игри во последниве неколку години. 


Како и со сите останати форми на забавa, така и со игрите, од време на
време се појавуваат проблеми кога истите ќе почнат да се косат со
лажните морални норми на мнозинството. Некои од игрите дури добиваат
забрана за издавање зашто биле: „Навредливи“. Следи листата на
најконтроверзните 5 игри во последниве неколку години.

Менхант 25. „Менхант 2“

Се работи за игра во која ја преземате улогата на сериски убиец и имате задача да извршите бројни убиства, а претходно да ги испланирате до најситните детали. Иако е полна со графичко насилство, не е ништо понасилна од која и да е друга акциона игра. Сепак, комисијата за одредување на рејтинг на мултимедија во Америка, за оваа игра одредила ознака „Само за возрасни“ – нешто што многу ретко се случува во светот на игрите. Продуцентската куќа Take Two се одлучи наместо со таква ознака, да ја преработи и издаде играта во поприфатлива верзија. Нормално, таквата игра доживеа потполн неуспех, со оглед на фактот што беше за никаде.

„Масовен ефект“4. „Масовен ефект“

Оваа игра е типична вселенска одисеја, 30 часовно влегување во свет налик на „Војна на ѕвездите“. И веројатно никој (освен нејзините фанови) немаше да ја спомене, доколку еден блогер (кој сега го има избришано написот) не извадеше „брилијантна“ анализа дека играта поддржува сексуално насилство, затоа што постојат неколку сцени во кои главниот лик има интимна интеракција со еден од споредните ликови. Оваа приказна дури отишла и на вестите на Фокс, дигајќи далеку повеќе прав одошто било потребно. Нормално, ниту блогерот, ниту некој од редакцијата на Фокс не ја играле играта, зашто доколку го стореле тоа, ќе виделе оти се работи за сосема нормални сексуални сцени, кои постојат и во магичниот свет на филмовите. Лекцијата од сево ова е оти не треба да верувате на сè што ќе видите на телевизија или што ќе прочитате на интернет.

„Мала голема планета“3. „Мала голема планета“

Играта за платформата Плејстејшн 3, „Мала голема планета“, беше еден од најголемите хитови за 2008. Она што малкумина го знаат е дека само 24 часа пред да биде пуштена во продажба, Сони ги повлекле сите копии и испратиле нова верзија во продавниците. Но, не се работело за корекција на некој баг, туку за една од песните на саундтрекот. Тумани Диабате, раперот од Мали кој ја направил песната, во текстот искористил делови од Куранот. Некои муслимански секти го сметаат за навреда мешањето свети текстови и музика, па наместо да ризикува негативен публицитет, јапонската компанија едноставно ја исфрли спорната песна.

„Резидент Ивл 5“2. „Резидент Ивл 5“

Фановите на серијалот со зомби акција беа изненадени кога петтиот и веројатно најдобро изработен дел до сега, поттикна толку многу превирања во светот. Имено, во овој дел дејството е сместено во африканско село. Фактот што белиот главен лик убива зомбија Црнци беше брзо идентификувано како расизам. Некои отидоа дури до таму што целиот концепт на играта го прогалсија за величење на европскиот колонијализам во Африка. Она што сите го заборавија, а најдобро го кажа некој од младите фанови е следново – играта е направена од жолти луѓе, на кои единствено им е важна бојата на парите што ќе ги заработат, а не и каква боја се ликовите кои меѓусебно ќе се убијат. А и не ќе беше логично доколку африканското село беше населено со Индијанци, нели?

„6 дена во Фалуџа“1. „6 дена во Фалуџа“

Дејствието во оваа игра се одвива во 2004 година, во Фалуџа, за време на една од најголемите битки во скорешната окупација на Ирак. Конами ја претставиле на голема прес-конференција, во воен стил, но веднаш по бројните поплаки од ветераните, анти-воените организации и којзнае уште кој, играта била повлечена уште пред да се појави во продавниците. Програмерската куќа – Атомик Гејмс и натаму ја развива играта, но како што сега стојат работите, ниту една продуцентска куќа не сака да го преземе ризикот, па според тоа, мали се шансите оваа игра да го види светлото на денот. Случајот со „6 дена во Фалуџа“ всушност најдобро го прикажува лудилото на американската јавност. Сосема е во ред да се издаваат игри во кои дејствието се одвива во земја која ќе е до последниот детаљ идентична со Ирак, но само доколку името на земјата е Којзнаекадестан или нешто сл. Логично, нели?

- Реклама -