5 највисоки статуи во светот

статуиПоголемото отсекогаш било подобро бидејќи големината била знак на богатство и моќ. Низ историјата многу владетели се обидувале да ја докажат својата моќ преку градење грандиозни палати, споменици и статуи. Во духот на легендарниот Колос од Родос, ова се петте најголеми статуи во светот.

Поголемото отсекогаш било подобро бидејќи големината била знак на богатство и моќ. Низ историјата многу владетели се обидувале да ја докажат својата моќ преку градење грандиозни палати, споменици и статуи. Во духот на легендарниот Колос од Родос, ова се петте најголеми статуи во светот.

Богот Шива од Мурудешавара
статуи

Храмот Мурудешавара, посветен на богот Шива, се наоѓа во светиот крајбрежен град Баткал Талук од областа Утара Канада во државата Карнатака во Индија. Статуата која се наоѓа во овој храм со своите 37 метри е највисокта статуа на богот Шива во светот, и била изградена за околу две години на брегот на Арабското Море.

Џингис Кан
статуи

Комплексот Статута на Џингис Кан се наоѓа на 54 километри од Улан Батор, главниот град на Монголија. Статуата на Џингис Кан кој јава на коњ, висока 40 метри и е поставена на постамент висок 10 метри, е покриена со нерѓосувачки челик и опкружена со 36 столбови. Според некои извори, цената на комплексот била 4100000 американски долари.

Големиот Буда во Линг Шан
статуи

Големиот Буда, во Линг Шан е една од најголемите стоечки статуи на Буда. Бронзената статуата е висока над 88 метри, и тежи повеќе од 700 тони.

Споменикот Мамајев
статуи

Споменикот Мамајев е статуа во Мамајев Курган во Волгоград, Русија, изграден во спомен на Битката од Сталинград. Вкупната висина на статуата е 85 метри, и тежи 8000 тони, само мечот кој е долг 33 метри тежи 14 тони.

Буда во Ват Муанг
статуи

Оваа голема статуа на Буда сместена во манастирот Ват Муанг во провинцијата Анг Тонг во Тајланд. Статуата е 92 метри висока и 63 метри широка. Нејзината изградба започнала во 1990 и завршила во 2008.

- Реклама -