5 нешта што мажите задолжително ги забележуваат за време на сексот

Можеби сметате дека мажите ги интересира само едно, но дури и тоа да е вистина, не значи дека попатно не забележуваат некои од секундарните детали.

 

ИНИЦИЈАТИВА
Не постои ништо поеротично од жена што се чувствува добро во сопственото тело. Тоа е природна мамка за мажите на која едноставно не можат да одолеат.
Опуштеноста за време на сексот и преземањето на иницијатива, освен што ја прави жената посексипилна и позаводлива, мажите ја толкуваат како силна желба да бидете со него и уживате во неговото друштво. Мажите обожаваат кога жената знае што сака.

ДВИЖЕЊАТА НА ТЕЛОТО
Движењата се женското најсилно оружје, од одот, кокетирањето и однесувањето во друштво, па се до најстрастниот чин. Женското тело е само по себе исклучително приблечно за мажите, но кога со движењата демонстрира страст и заводливост, ниту еден маж не останува рамнодушен. Опуштете се, припијте го вашето тело до неговото и ќе го освоите сите негови сетила.

СТРАСТНИ ПОГЛЕДИ
Погледот може да претставува сензуално и страстно оружје кое ќе го собори секој маж. Во очите се огледува сета сигурност, самодоверба, уживање, страст и желба за секс. Погледите во текот на водењето љубов, како и погледите фрлени кон неговото и своето тело се инстант катализатор на страста. Затоа, секоја жена треба максимално да ги користи.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

ВОЗДИШКИ И ЗАДОВОЛСТВО
За време на сексуалниот однос, она што е сигурен показател на вистинско задоволство се сензуалните женски воздишки, кои за момент можат да го возбудат мажот. Преку звуците што таа ги прави, мажот знае дека е на добар пат, а патем се и доказ дека навистина уживате во неговите допири, бакнежи и останатите негови оружја. Препуштете се на страста и не се воздржувајте да му покажете на партнерот што навистина чувствувате додека водите љубов.

ТРУДОТ ШТО СТЕ ГО ВЛОЖИЛЕ ЗА ДА ГО ИМПРЕСИОНИРАТЕ
Ако мислите дека мажите не ја забележуваат долната облека или малите трикови како депилацијата на интимната зона, грешите. Иако мета им е вашето тело, мажите задолжително го земаат во обзир вашиот труд да ги импресионирате. Се разбира, тоа и те како им ласка.

- Реклама -