5 природни начини за да го подобрите своето здравје

Здравје Старите велат – само здравје, а сè останато само ќе си дојде. Неслучајно оваа изрека има толку важно место во традицијата – здравјето е единствено нешто што не може да се купи со пари. Во продолжение, неколку совети за подобрување на здравјето.


Старите велат – само здравје, а сè останато само ќе си дојде.
Неслучајно оваа изрека има толку важно место во традицијата – здравјето
е единствено нешто што не може да се купи со пари. Во продолжение,
неколку совети за подобрување на здравјето.

Здравје1. Смирете ги синусите

Ако имате потешкотии при дишењето, главоболки или треска, тоа може да е почеток на инфекција на синусите. Сварете неколку главици кромид и потоа инхалирајте ја пареата прекриени со крпа. Незгодната миризба ќе ги расчисти синусите, а згора на тоа, докажано е дека кромидот има антивирално дејство.

2. Зајакнете го срцето

Јадете бадеми или ореви. Тие се полни со монозаситени масти и омега 3 масни киселини кои помагаат при елиминирање на лошиот холестерол и одржувањето на еластичноста на артериите. Конзумирањето бадеми или ореви го регулира крвниот притисок. Дополнително, истражувањата покажаа оти луѓето кои дневно јаделе 50 грама бадеми или ореви, имаат помал апетит и помала склоност кон прејадување.

3. Стабилизирајте го нивото на шеќерот

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Во кафето попрскајте малку цимет. Истражувањата покажале оти конзумирањето на четвртина лажичка од тој зачин дневно, успешно го снижува шеќерот кај болните од дијабетес, тип 2. Дополнително, ги снижува и триглицеридите и холестеролот.

4. Залечете ги раните

Медот ги дезинфицира раните и помага при нивно побрзо зараснување. Во него се содржи ензим кој продуцира хидроген пероксид кој ги убива бактериите, а има и антиоксиданси кои ги смируваат воспаленијата. Најдобар е природниот мед, но и пакуваните вршат иста работа. Медот треба да го загреете во микробранова, да нанесете една лажичка на газа и истата да ја ставите на раната. Истото треба да се повторува секојдневно.

5. Ослободете се од лошиот здив

Докажано е дека гумата за џвакање со цимет го подобрува лошиот здив и ги намалува бактериите во усната празнина за повеќе од 50%.

- Реклама -