5 „сочни“ совети за подобар секс

Сексот на почетокот на врската е интересен бидејќи покрај вас имате нов партнер, со специфични желби, и ерогени зони за вас се уште непознати. Во тие моменти учите многу нови работи, и страста е на одлично ниво. Но, после извесно време сексот се претвора во рутинска активност. За да не дојде до тоа, обидете се да ги примените овие трикови:

1. Не се плашете да испуштате звуци

Ваш стан, ваша соба, ваша слобода. Опуштете се и испуштајте звуци колку сакате. Само препуштете се на моментот, и доколку ви се вреска – врескајте. Вашиот парнер уште толку ќе се потруди доколку забележи дека ве излудува.

2. Ноќ за орален секс

Посветете една ноќ, или седмица (или месец), и потрудете се на најдобар начин орално да го задоволите. Овие ноќи избегнувајте пенетрација. Доколку не можете да издржите, маструбирајте. Ова ќе му се допадне многу.

68658_shutterstock-146988620_630x0

3. Влажна маица

Никогаш не ја потценувајте моќта на влажната маичка. Облечете светла и едноставна маица (без градник одоздола) и гаќички, и застанете под туш. Од купатилото упатете се право кон него. Така мокра нема да може да ви одолее.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

4. Однесувајте се потполно спротивно од вообичаеното

Повеќето луѓе имаат нежен и бавен секс на почетокот, кој со текот на времето станува се побрз. Зачинете ги малку работите така што ќе започнете брзо, а потоа ќе забавите. Потрудете се за време за успорувањето вие да бидете одозгора, бидејќи така полесно ќе можете да го диктирате темпото.

5. Зборувајте „валкано“

За ова не морате да употребите ниту еден „безобразен“ збор. Само шепотете и ослободете ја страста да излезе од вас на сензуален начин. Зборувајте му што ви се допаѓа и што би сакале да ви прави. Опишувајте му како се чувствувате додека со рацете ве милува низ целото тело. НАбљудувајте ги неговите реакции и ќе увидите дека ќе се потруди многу повеќе околу оние работи кои сте му кажале дека ве возбудуваат.

- Реклама -