5 совети за стекнување богатство и успех

ЖивотБогатството на Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на Земјата, се проценува на околу 45 милијарди американски долари. Но тоа богатство не е заработено само со мудро инвестирање и добар бизнис, туку и со штедење. Бафет, и покрај неговото богатство, сè уште живее во куќата што ја купил во 1958 година за 31500 долари.

Богатството на Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на Земјата, се проценува на околу 45 милијарди американски долари. Но тоа богатство не е заработено само со мудро инвестирање и добар бизнис, туку и со штедење. Бафет, и покрај неговото богатство, сè уште живее во куќата што ја купил во 1958 година за 31500 долари.

Следете ја неговата штедлива формула, па можеби и вие еден ден ќе имате пари за сè што ќе посакате.

богатство и успехЖивејте под нивото на вашите финансии.

За да се биде богат е потребно повеќе од висока плата, потребно е и штедење. „Можеби заработувате многу пари, можеби заработувате малку, но моментот кога почнувате да ги трошите вашите пари е моментот кога си создавате проблеми. Штедењето е клучно за зачувување на вашето богатство“ вели Ед Бутовски од фирма која ги организира финансиите на богати индивидуалци. Само затоа што мислите дека можете да си дозволите нешто, не значи дека треба да го купите.

Вратете се на нозе по секој неуспех.

Секогаш е можно некој неуспех да ве обесхрабри, но обидете се да ја задржите вашата мотивација. Повеќето успешни луѓе ги надминале пречките и неуспесите на кои наишле на пат кон успехот. Стив Џобс бил избркан од Apple на 30 години. Денес тој е милијардер и легенда. А откако бил избркан тој создал уште една компанија која вреди милијарди, Pixar. „Враќањето на нозе по неуспех е нешто што сите успешни луѓе го можат. Тие веруваат дека ќе се случат добри работи“ вели Бутовски.

Земете го Мајкл Џордан како пример. Тој бил исфрлен од кошаркарскиот тим во средно училиште, но мотивиран од тој настан тој следната сезона станал суперѕвезда во истиот тим. Остатокот е дел од историјата.

Промовирајте се себеси

Без разлика на професијата која ја одбрале, богатите и успешни луѓе имаа силно чувство за тоа колку вредат, што е клучно за умешно патување кон врвот. Марк Хурд, кој бил избркан од претседателското место во Hewlett-Packard во август, не се откажал. Користејќи ги неговото бизнис знаење и врски, Хурд во септември беше именуван за претседател на Oracle.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Научете улични трикови

Берни Мадоф живеел на висока нога неколку децении, мамејќи ги неговите клиенти со формула за заработка која звучело премногу добро. Но, со малку размислување и претпазливост, повеќето негови клиенти лесно ќе ја откриеле измамата.

Но, не треба да внимавате само на измамници. Многу често, пријателите и семејството можат да се обидат да го искористат вашиот успех. Без разлика дали се работи за заем или идеја за инвестирање, Бутовски ги советува неговите богати клиенти да внимаваат и често да одговараат со „не“. Најлесниот начин да го направите ова е преку друго лице. Тој советува: „Мора да поставите ѕид помеѓу вас и вашето семејство. Ако не сакате да им дадете пари, тогаш најдобро би било едноставно да им кажете не“.

Купувајте евтино

Богатите можат да си дозволат луксуз, но тоа не значи дека се расфрлаат со пари. Милијардерот Џон Паулсон ја купил куќата од неговите соништа за пристојна цена. Паулсон ја забележал куќата кога банката ја откупила хипотеката и потоа едно дождливо утро ја купил на јавна лицитација на скалилата на општинската зграда во Саутемптон, во државата Њујорк. Тој бил единствениот кој понудил пари за таа куќа.

Стоковната куќа за жени “Michael’s” во Upper East Side на Менхетен, е дестинација за жени кои бараат разумни цени, веќе шест децении. „Голем процент од нашите купувачи можат да си дозволат да купуваат во продавниците на авенијата Медисон“ вели сопственичката Тами Гејтс. Од Шанел до Гучи и Луи Витон, стоковната куќа продава луксузна роба за разумни цени. Тами Гејтс за нејзините клиенти вели: „Тие се богати со причина. Препознаваат дека штедливоста создава богати луѓе. Не мора да плаќате високи цени кога не морате, едноставна логика“. [Top 5 Tips to Build Wealth and Success]

- Реклама -